19 Декември, 2025
0.2156

Алфа Банка нов сопственик на Емпорики банка

Објавено во: Балкан, Финансии 01 Октомври, 2012 11:16

Добивај вести на Viber

  Француската банка „Credit Agricole“ ја избрала Алфа Банка како најдобар понудувач за грчката Емпорики Банка.  Ова синоќа го изјави за Ројтерс  висок банкарски службеник, кој побарал анонимност. Покрај Алфа Банка во наддавањето за Емпорики учествуваа уште две грчки банки,  Национал Банка и Еуробанка. Понудите и на тројцата кандидати се затворени вчера. Од Алфа банка и  официјално објавија дека влегле во ексклузивни преговори со „Credit Agricole“ за купувањето на Емпорики. Зделката треба  да биде завршена до 31 декември 2012 година и се очекува одобрување од страна на регулаторните тела и од бордот на директори на француската банка. „Credit Agricole“ ќе инјектира уште 550 милиони евра пред завршувањето на договорот. Освен тоа,  Французите ќе издадат конвертибилни обврзници во вредност од 150 милиони евра во корист на Алфа Банка. Овие обврзници, по избор на „ Credit Agricole“, под одредени услови можат да бидат претворени во обични акции на Алфа Банка. Француската финансиска институција напорно се обидува да се извлече од Грција,  откако поради кризата со државниот долг на земјата банките таму се покажаа меѓу најзасегнатите. Третата по големина француска банка „Credit Agricole“ веќе инјектираше милијарди евра во Емпорики Банка, но сега сака да излезе целосно од овој пазар. И во трите банки кандидати за Емпорики, која во 2006-та беше купена од „Credit Agricole“, главен акционер е Грчкиот фонд за финансиска стабилност . Од своја страна француската институција во јули веќе инјектираше 2,3 милијарди евра во Емпорики  за да ја рекапитализира, но централната банка на Грција тврди дека тоа не е доволно. Во време кога економијата на Грција оди кон  рецесија, а лошите кредити се зголемуваат, достигнувајќи до 20% од средствата во банкарскиот систем, Грчката централна банка инсистира „Crédit Agricole“ да даде уште 600 - 700 милиони евра за покривање на очекуваните загуби од кредитното  портфолиото на Емпоркики.  Инвестирањето на оваа сума може да биде и услов за централната банка да  може одобри продажбата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен