„Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати и нови вработувања во првите шест месеци од 2016
Објавено во: Економија 29 Јули, 2016 09:56
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.197 милиони денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 5%. Зголемување од 8% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 598 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 326 милиони денари е зголемена исто така за 8%, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.244 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 583 милиони денари, бележи зголемување од околу 9%, додека нето добивката е зголемена исто така за 9%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2016 година изнесуваат 344.331 илјади денари.
Во периодот јануари - јуни 2016 година во Алкалоид се реализирани 95 нови вработувања во Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




