14 Мај, 2024
0.0359

Алмако, Радобанка, Газела, Годел, Сувенир – ќе завршат ли конечно децениските стечаи?

Објавено во: Економија 22 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Некогашните банки, Алмако и Ака Банка, чии стечаи се водат повеќе од 13 години, како стечајните постапка на Експрот Импорт Банка која трае девет години, и на Радобанк која е заглавена во лавиринтите веќе 8 години – најверојатно ќе бидат опфатени со новиот специјален закон што го најави премиерот Никола Груевски, а со кој експресно треба да завршат децениските стечаи. „Сеуште во судските лавиринти талкаат 89 стечајни постапки. Тоа никому не му одговара, освен можеби на некој од стечајните стечајните управници. Од оваа причина, на последниот комитет за стечај, кој лично го предводам, кој практично и го подготви новиот закон за стечај, донесена е одлука, за еден до два месеци Владата да изготви специјален закон за овие 89 фирми по брза постапка да го завршат стечајот, и со тоа, овие фирми заплеткани во неефикасните закони од времето на транзицијата, да го завршат стечајот“, изјави премиерот Никола Груевски на годишното обраќање пред бизнисмените. Во оваа листа за окончување на долгите стечајни постапки според сознанијата најверојатно ќе влезат и некогашните гиганти Газела, Годел и Чик. Производството на чевли во овие фирми одамна е запрено. Стечајот на Годел талка низ лавиринтите веќе 12,5 години, на Газела 11,9 години, а стечајната постапка на кумановски Чик не е решена 9,6 години. Стечајната постапка на скопски Центро чека разврска веќе 10,6 години, додека на Типо стечајот трае 8,5 години. Единствената фабрика за произвдство на муниција што некогаш земјава ја имаше – заврши со затворени погони и капии. Стечајот на Сувенир од Самоков – трае веќе 8,6 годни. А две години пред тоа слична судбина имаше и фабриката за автобуси 11 Октомври – чиј стечај е заглавен повеќе од 11 години. Со законот кој доправа ќе се подготвува најверојатно ќе бидат опфатени 81 фирма чии стечаи се водат скоро две децении. Инаку, според податоците на Фактор, во земјава има 6 фирми за кои стечајните постапки се водат по  Законот за стечај од 1989 година, а просечното времетраење на постапките кои се водат по тој закон е 16,8 години. Дополнително има уште 75 предмети за кои постапките се водат по Законот за стечај од 1997 година, а стечаите кои се водат по овој закон просечно траат  9,7 години. На врвот на листата според должината на судската постапка е стечајот на АД Житокооп. Стечајот за оваа фирма трае 18,25 години. Следуваат Семос Електроник од Скопје чија стечајна постапка никако не успава да се реши веќе 17,76 години, како и ТП Купром од Куманово, акде стечајот трае веќе 17,52 години.  Анализата на податоците пак покажува дека најмногу стечајни постапки кои траат најдогло се водат во Куманово и Скопје. Работна група составена од претставници од министерство за економија, министерство за правда, како и надворешни експерти од различни области, ќе работат на подготовките на специјалниот Закон за стечај со кој ќе бидат опфатени фирмите за кои се водат стечајни постапки од крајот на осумдесетите години. Во тек е формирањето на работната група која ќе треба да го состави законското решение за окончување на децениските стечаи. Од министервото за економија причините за долгите стечаи ги лоцираат во повеќе проблеми. „Причините за долгото траење на наведените стечајни постапки се поради долгото траење на парничните судски постапки што се водат од страна на стечајниот управник, посебно побивањето на правни дејства, долгото траење на утврдување на сопственост на недвижниот имот и запишување во јавните книги, немање на заинтересирани купувачи на имотот што влегува во стечајна маса,најчеста примена на ликвидацијата (впаричување) како начин за водење на стечајната постапка, наспроти планот за реорганизација при што должникот продолжува со работа, честа промена на стечајните судии и стечајните управници, така да се губи време во одново проучување на предметот, недоволна заинтересираност на стечајните доверители за забрзување на стечајната постапка изразена во отсуства од седници на одбор и собрание на доверители, не барање на месечни и други периодични извештаи за текот на стечајната постапка и утврдување на насоки за нејзиното натамошно водење, велат за Фактор од министерството за економија. Оттаму сметаат дека можностите за забрзување на наведените стечајни постапки се бараат во вршење на детална анализа на секоја поединечна стечајна постапка,  утврдување и надминување на причините, воведување на нови законски решенија со кои се ограничува рокот за водење на парнична постапка во сите степени на одлучување, ограничување на рокот за продажба (впаричување) на имотот на должникот“, велат за Фактор од министерството за економија. Еве ја листата на фирми со најдолги стечаи Фирма                                                                                 години

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција