26 Ноември, 2024
0.0288

Алшар – меѓу митовите, чистата природа и економскиот интерес!

Објавено во: Економија 25 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Алшар е еден од најмистичните локалитети во светот, и за него кружат  разни легенди, но, сепак, рудникот  е единственото место на светот во кој се наоѓа фамозниот лорандит, талиумов минерал за кој се верува дека може да се употреби во создавање на „вештачко сонце“ и добивање чиста енергија. Домашна компанија ќе го истражува рудникот „Алшар “ лоциран на планината Кожуф. Концесијата ја доби фирма чие име засега не се обелоденува, но, се знае дека таа ќе треба да плати околу 25 илјади евра за геолошките истражувања што треба да ги направи на локалитетот. Во рок од две години треба да има извештај од страна на компанијата, односно доставен елаборат до Министерството за економија по што ќе се создадат услови за почнување на експлоатација. „Алшар“ во 2009 година беше прогласен за заштитено подрачје во категоријата споменик на природата, но, заштитата не траеше долго па минатата година со нов закон беше повлечена и се одобри рудникот да се даде под концесија. Ваквиот потег беше критикуван од познавачите со оглед дека во Законот за заштита на природата предвидено е дека постапка за престанок на заштитата на „Алшар“  може да има само доколку се изгубат обележјата поради кои е прогласено заштитено подрачје (чл. 92, ст. 8). Токму поради ова познавачите коментираа дека не им е јасно што се промени во тие три години за  „Алшар“ да го изгуби статусот на споменик на природата. Во образложението на Законот на Министерството за животна средина, како причина за губење на статусот на заштита беше потенцирана економската придобивка од Алшар. Но, токму за дел од познавачите тоа е  проблематично бидејќи  и во иднина може да се случи заштитените подрачја да го губат својот статус на заштита само поради економскиот интерес на Владата и на одредени концесионери. Рудникот вреди 1,5 милијарди евра Сепак во Македонија, експертската јавност е поделена околу потенцијалите на Алшар.  Иако сите се согласни дека таму може да се најдат повеќе од 17 видови на руда, меѓу кои и злато, лорандит и талиум, сепак прашање е колку експлоатацијата е исплатлива, бидејќи сè уште нема детални проценки за резервите кои можат да се најдат таму. Наспроти ова некои проценки пак велат дека рудникот се вреди 1,5 милијарди евра. Инаку Алшар е еден од најмистичните локалитети во светот, и за него кружат  разни легенди, но, сепак, рудникот  е единственото место на светот во кој се наоѓа фамозниот лорандит, талиумов минерал за кој се верува дека може да се употреби во создавање на „вештачко сонце“ и добивање чиста енергија. Минералот лорандит, кој го има во „Алшар, отсекогаш предизвикувал интерес во светските научни кругови, бидејќи  е утврдено дека од целиот свет го има само во Македонија и евентуално во Шри Ланка.  Првпат во Македонија лорандит е изваден во 1976 година од американски истражувачи, иако црпењето на рудата било противзаконско. Од локалитетот во Кавадарци, Турците ископувале и злато. Рудата од „Алшар, пред околу сто години  била испитувана во универзитети во Прага, Будимпешта и Виена. Но, „Алшар“, освен што предизвикува интерес кај научниците, предизвик е и за ловците на богатство, па некои од нив беа фатени како диво копале на локалитетот. Во април 2009 беа фатени германски и унгарски државјани Полициски службеници од полициската станица за обезбедување на државната граница „Михајлово“ при редовна полициска патрола на место викано „Мајдан“ приведоа четворица германски државјани на возраст од 42 до 71 година и двајца унгарски државјани на возраст од 21 и 34 години. МВР во рачни торби и при прегледот на возилата кои ги управувале, пронајдени се поголема количина ископани парчиња руда од рудникот „Алшар“, по што сите се приведени во полициската станица во Кавадарци. Двајца од нив, според исказите се пензионери, а другите двајца, според нивните изјави, се доктори на науки и професори на универзитет во Германија. Приведените се затекнати на лице место од страна на полициската патрола како вршат ископување и собираат минерали и кристали од рудникот и ја сместуваат во возило со германски регистерски таблички. Од приведените се одземени 12 кутии со примероци од минерали и од кристали во вкупна тежина од околу 400 килограми.В  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија