06 Декември, 2025
0.0583

„Амазон“ не платил ни цент данок за профит од над 5 милијарди долари

Објавено во: Финансии 27 Февруари, 2018 12:27

Добивај вести на Viber

Гигантот „Амазон“ лани остварил профит во САД од 5,6 милијарди долари, но не уплатил ниту цент данок во американскиот буџет. Користејќи најразлични даночни олеснувања и правни дупки, компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, буквално се „ослобидила“ од обврската за плаќање данок. Безос, чие лично богатство се проценува на 108 милијарди долари, постојано успева да го изигра американскиот даночен систем. Се прашувате како е возможно тоа?

„Амазон“ очекува да добие „џек-пот“ од околу 789 милиони долари од републиканскиот закон за даноци. И додека Безос, како и останатите либерални капиталисти, тврди дека не се согласува со политиката на Доналд Трамп, тој тивко профитира од републиканските регресивни даночни олеснувања.

Глобалното седиште на „Амазон“ не е, како што повеќето веруваат, во Сиетел, туку во малата државичка Луксембург. Европската Унија го обвини Луксембург дека му обезбедила нелегални даночни олеснувања на „Амазон“ и и` нареди на земјата да земе назад од компанијата околу 295 милиони долари.

Експертот Метју Гарднер, од Инстутот за оданочување и економска политика, оценува дека „Амазон“ успеал ефективно да го сведе својот федерален данок на нула, искористувајќи најразлични даночни бенефиции.

Обсесијата на Безос со избегнувањето на даноци датира уште од самиот почеток на „Амазон“. Тој во 1995 година првично сакаше да го изгради американското седише на „Амазон“ во индијански резерват во близина на Сан Франциско, бидејќи нудеше даночни олеснувања. Но Калифорнија го запре реализирањето на договорот.

Безос сега сака повторно да го стори истото. „Амазон“ е во процес на борање уште еден американски град за второто седиште, понуда што е толку профитабилна, па градовите буквално се натпреваруваат меѓу себе за кој ќе понуди помали даноци.

Безос стана најбогатиот човек на светот преку изигрување на системот, продавајќи ги неговите производи по вештачко ниски цени, исфрлајќи ги од игра помалите компании, и искористувајќи што е можно повеќе правни дупки за да избегне плаќање даноци, пишува порталот Сплинтерњуз.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција