29 Септември, 2024
0.0287

АМАЗОН: Нови 6000 работници во Европа!

Објавено во: Анализа 13 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Амазон вработила минатата година во Европа 6000 работници на полно работно време, како би одговорила на големата побарувачка во обемот на работата, соопштуваат од компанијата.

Вкупниот број на вработени во ЕУ сега изнесува 32.000 редовни вработени распоредени во логистички центри, одделенија за услуги на клиенти и во сегментите на развој на софтвер, управување со ланец на набавки и дизајн, пренесува Ројтерс.

„И понатаму сме во фаза на вложување и се радуваме на фактот дека и во 2015 година ќе бидеме во можност да отвараме нови работини места“, рекол потпретседателот на Амазон за малопродажба во ЕУ Ксавијен Грамбо, додавајќи дека побарувачката на купувачи во Европа е поголема од било кога.

Најмногу работни места, приближно 1200 се отворени во Германија, каде веќе има 10.000 работници на работите во скадиштата со уште толку сезонски работници. Германија е најголем Амазонски пазар после САД, а зад неа е Велика Британија.

Ројтерс потсетува дека бизнисот на Амазон во Германија го погодиле бранови на штајк на работниците поради ниските плати и работни услови.

Тамошниот синдикат Верди од мај 2013 година организирал чести штрајкови, со цел да ги принуди работодавачите да ги зголемат платите на работниците во складиштата во соглансост со колективните германски договори во секторот на малопродажбата и каталошката продажба.

Амазон, меѓутоа, упорно ги одбивал барањата на синдикатите, истакнувајќи како работниците во складиштата ги смета како работници во логистика и дека тие примаат плати поголеми од просекот кон стандардите на таа индустрија.