„Amazon“ поставува нови рекорди
Објавено во: Анализа 07 Јануари, 2015 08:35
Трговците во Amazon продале рекорден број стоки минатата година. Тие имаат донесено над 2 милијарди производи низ целиот свет во 2014 година.
Amazon ја објави статистиката за електронската трговија во рамките на последните 12 месеци. Според нив во моментов има повеќе од 2 милиони продавачи во Amazon од целиот свет.
Според компанијата трговците со кои таа работи, се од над 100 држави и во последната година тие исполниле нарачки во вкупно 185 земји, користејќи ја услугата FBA.
Продажбата на продавачите од Кина и Хонг Конг се зголеми за 80% на годишна основа.
Празничните понуди од трговците во Amazon низ целиот свет, се зголемени за повеќе од 250% во 2014 година во однос на 2013 година. Продадените стоки преку слични понуди за време на празничната сезона пак скокна 400% на годишна основа, дополнуваат податоците.
На денот на т. н. "Киберпонеделник" (понеделникот по празниците околу Денот на благодарноста во САД) се продадени над 16 милиони производи преку Amazon, а нарачките, обработени преку системот Amazon Payments, се зголемиле за 60 отсто во однос на 2013 година .
Во прилог на ова повеќе од 25% од сите записи на сајтот и плаќања се извршени со мобилни уреди.
Според зборовите на Питер Ферис, потпретседател на Amazon Marketplace, годината беше рекордна во поглед на продажбата во Amazon.
Меѓународниот раст продолжува да биде клучен приоритет за компанијата, како и изнаоѓање на трговци во региони како што се Австралија, Јужна Кореја и Сингапур.
Во последната година фирмата ја прошири својата услуга Amazon Currency Converter for Sellers (ACCS), покривајќи осум валути, вклучувајќи евра, британска фунта, американски долар, австралиски долар, канадски долар, Хонг Конг долар, индиска рупија и новозеландски долар.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





