Добивај вести на Viber
Амазон во овогодишната празнична сезона оствари рекордна продажба, иако некои божикни пакети доцнеа поради проблемите во курирските компании УПС и Федекс.
Иако податоците за глобалната продажба се уште не пристигнале, само на ден 2. декември, веднаш по американскиот Ден на благодарноста, Амазон регистрирал 36,8 милиони нарачки, пренесува швајцарскиот весник, 24 часа.
Компанијата исто така соопштила дека во третата недела од декември добила повеќе од милион претплатници за својот сервис „Прајм“ кој комбинира бесплатна достава на нарачана роба, во рок од два дена, и пристап до дигиталните содржини (филмови, серии, книги...).