Америка има план за Украина, тајни документи откриваат детали
Објавено во: Свет 02 Октомври, 2023 20:47
Тајни документи го открија американскиот план за Украина.
Целите на САД во Украина варираат од спроведувањето на протоколите и стандардите на НАТО до приватизација на банките, објави Политико, повикувајќи се на документот.
„Класифицираната верзија на документот „Стратегија на земјата“ е трипати поголема (од верзијата објавена од Стејт департментот, која е официјално достапна) и содржи многу повеќе детали за целите на САД во Украина, од приватизација на нејзините банки, помагање на училиштата во изучување англиски јазик, па се до тоа украинската армија да ги преземе протоколите на Алијансата“, се истакнува во написот.
Во материјалот се наведува дека форматот и содржината на украинските воени документи треба да ја „одразуваат терминологијата на НАТО“.
Покрај тоа, Политико нагласува дека документот покажува дека САД ја помагаат Украина да создаде можности за гонење на наводни воени злосторства во рамките на украинскиот правен систем. Вашингтон би сакал повеќе од 2.000 нови судии да бидат избрани во Украина и да се решат повеќе од 9.000 незаконски судски дејствија кои се во тек.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина ќе биде поканета во Алијансата по едногласна одлука на сите членки и со исполнување на сите услови.
Притоа, тој не прецизираше рокови за таа можна покана, но посочи дека пристапната процедура не предвидува временска рамка. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




