AMЕРИКА ПРЕД УЖАСЕН ИЗБОР: Долари или куп мртви од коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 24 Март, 2020 18:44
Колку животи вреди економијата? Ова не е академско прашање или клише, туку ова е прашање кое американскиот претседател Доналд Трамп го повлекува во своите одлуки околу пандемијата на коронавирусот и одговорот на неа, пишува Индекс, хр.
Трамп воведе мерки за социјална дистанца, вклучувајќи ја и одлуката за затворање на деловните простории, настава од дома, да се избегнува собир на 10 луѓе, одење во ресторани и барови, и самоизолација за старите, хронично болните и заразените.
Иако овие мерки траат 15 дена и се многу поблаги од мерките во другите земји, се чини дека Трамп од нив се засити.
Загрижен поради тешките економски последици и „затворањето“ на нормалниот живот, Трамп најверојатно нема да ги продолжи овие мерки откако ќе истечат в понеделник.
За Трамп карантинот е полош лек и од самиот проблем.
„Не можеме да дозволиме лекот да биде полош од самиот проблем. На крајот на 15-дневниот период, ќе донесам одлука во која насока да се движиме“, вели тој.
Toj во јануари, февруари и почетокот на март упорно ја намалуваше заканата која од пандемијата се очекува да ги зафати САД.
Ги убедуваше граѓаните дека неговата администрација е подготвена и дека во април коронавирусот ќе исчезне како чудо и дека одат надолу, а не нагоре со бројот на заразени.
Кризата може да биде поголема од голема депресија.
Ова „затворање“ на американското општество може да придонесе за голема економска криза, поголема од онаа од 2008 година, или од депресијата од 1929 година.
Со ист или сличен економски колапс може да се соочат и други земји, но и Хрватска.
Хрватска зависи од туризам и ќе биде погодена ако пандемијата не се реши до летото.
Но, твитот на Трамп го поставува прашањето колку животи вреди економијата.
Но, прашањето воопшто не е едноставно затоа што економската стагнација и безнадежноста исто така убиваат луѓе.
САД во меѓувреме се обидува да го олесни економскот удар, со помош за фирмите и за граѓаните. На семејствата еднократно им се исплатени по 3.000 долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат
Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД
БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!
РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република





