Добивај вести на Viber
Американците потрошиле 5,4 милијарди долари во 2013 година , за да ги заменат своите стари телефони iPhone со понови модели , соопшти " MarketWatch ", повикувајќи се на истражување на локалитетот " SellCell.com " .
За ажурирање на своите смартфони Американците трошат милијарди секоја година. Студијата покажа дека една четвртина од населението на САД ( 23% ) си купува нов телефон секоја година.
Честата промена на технолошките гаџети, се должи во голема мера на политиката на мобилните оператори кои нудат преференцијални заеми со опција да го замените стариот телефон со нов модел. Некои оператори нудат двегодишен договор со кој можете да го менувате телефонот со нов на секои шест месеци , ако сте исплатиле 50% од износот .