03 Мај, 2024
0.0281

AМЕРИКАНЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА ЌЕ ИМА НАПАД: Иран ќе му се одмазди на Израел

Објавено во: Свет 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Израел очекува напад од Иран, опасност од голема војна на Блискиот Исток. 

Американските власти веруваат дека Иран може да го нападне Израел за само неколку часа. 

Тел Авив се подготвува за најлошото сценарио и можноста за директен ирански напад на израелска територија како одмазда за нападот пред речиси две недели во кој загинаа седум ирански воени офицери. Иран вети одмазда за своите команданти кои беа убиени на 1 април во напад на иранската амбасада во сириската престолнина.

Двајца американски функционери изјавија за Ci-BI-ES дека голем ирански напад врз Израел се очекува уште во петок и најверојатно ќе вклучи повеќе од 100 беспилотни летала и десетици проектили насочени кон воени цели во земјата. Официјалните лица додадоа дека за Израелците би било голем предизвик да се одбранат од напад од ваков размер и дека сметаат дека Иранците би можеле да се одлучат за напад од помал обем за да избегнат драматична ескалација.

Техеран јавно не посочи како и кога ќе возврати, па не е јасно до каде ќе одат иранските лидери. Постојат стравувања дека директен напад врз Израел може да ја експлодира тековната израелска војна против иранскиот сојузник Хамас во многу поширок регионален конфликт.

Повеќе земји, меѓу кои и Македонија, ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Израел, Либан, Иран и Палестинските територии. 

Граѓаните на Израел се плашат од напад. 

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место