20 Декември, 2025
0.0889

АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ТЕРОРИЗАМ: Гробот на Салопек веројатно никогаш нема да биде најден!

Објавено во: Балкан 14 Август, 2015 14:21

Добивај вести на Viber

Додека безбедносните служби и понатаму ги проверуваат информациите за егзекуцијата на Хрватот Томислав Салопек, американски експерт за исламски тероризам Бил Роџио вели дека е најмалку веројатно сценариото џихадистите да го предадат телото на личноста чии фотографии ги објавија.

Тој за ХРТ изјавил дека таканаречената Исламска држава никогаш досега не вратила ниту едно тело на заложник - Американец, Британец, јордански пилот.

„Телата обично се оставани на непозната локација“, вели американскиот експерт.

Да потсетиме, дека уште нема официјални потврди дека Томислав Салопек е убиен, но се појавија нови детали за околностите на киднапирањето. Киднаперите ја контактирале француската компанија „Compagnie Generale de Geophysique“ за која Томислав работел во Каиро. За неговото ослободување барале милионска сума, а од компанијата не ја откриваат бројката.

Портпаролот на компанијата изјавил дека цело време биле во контакт и со хрватски и со француски власти, а првиот одговор кој киднапрерите му го испратиле е ден после барањето за откуп.

„Тоа барање го примивме неколку минути откако киднаперите стапиле во контакт со сопругата на Томислав. Барањето не било потпишано, немавме никаков контакт освен имеил адреси. Следното утро одговоривме на маил и побаравме од киднаперите да потврдат дали Томислкав е жив и им дадовме број да не повикаат. Тој меил го праќавме секој ден, не добивме никаков одговор“, вели портпаролот на ЦГГ Кристов Барнини.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација