17 Мај, 2024
0.0283

Американските бизнисмени заинтересирани за Македонија

Објавено во: Економија 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Претставници на американски компании вчера во Бостон најавија остварување соработка со македонски компании во областа на текстилната индустрија, како и посета  на група американски туристи од мај годинава во Македонија.

- Работиме на проект од областа на туризмот во соработка со археолошкото друштво на САД, проект кој опфаќа носење туристи за да ги посетуваат туристичките знаменитости. Моментално го развиваме проектот во соработка со „Инвест Македонија“ и се надеваме дека проектот ќе започне во мај и во септември 2014 година. Тоа е еден висок вид на туризам при кој туристите трошат и до 8.000 долари по тура и мислам дека е проект на иднината, истакнаКети Кутрубес од  компанијата „Кутрубес Травел“.

Сопственичката на текстилната компанија „Блустон“, Бети Џеко ја разгледува опцијата за ангажирање македонски текстилни компании во функција на нејзиниот бизнис.

- Што се однесува до мојата компанија јас сум заинтересирана да обезбедам нови снабдувачи на текстилни производи од Македонија. Всушност ја посетив Македонија и текстилните компании и видов дека се многу професионални, искрени и трудољубиви луѓе, изјави Џеко.

Пред 40-тина компании вчера во Бостон беа презентирани поволностите за инвестирање во Македонија од областа на текстилната индустрија, туризмот, образованието и медицината.

Пред бостонските бизнисмени од страна на македонската делегација се презентирани, најнискиот даночен пакет во Европа кој постои во Македонија, обезбедените пазари од над 600 милиони потрошувачи преку договорите за слободна трговија, поволностите во технолошко-индустриските развојни зони и едуцираната работна сила.

Според премиерот Груевски сите три форуми се успешни, со присуство на над  сто компании.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пак  изрази очекување дека дел од бостонските бизнисмени сериозно ќе ја разгледаат Македонија како потенцијална дестинација за нивниот бизнис.

- Имавме исклучително успешна презентација на Република Македонија и можностите за инвестирање, овде во Бостон. Голем интерес од страна на бизнисмените од Бостон за поволностите во даночната сфера, за можностите за инвестирање во разни сектори, за тоа дека Македонија е најниско задолжена земја во регионот, за реформите што ги направивме во бизнис климата. Сето тоа ја прави Македонија конкурентна во однос на други земји, ги прави условите подобри за заштеда на трошоци за нив, а за нас за отворање нови работни места. Имаше многу прашања. Очекувам да дојдат во Македонија еден добар дел од нив и да продолжиме со оваа дискусија. Веруваме дека ќе се материјализираат дел од инвестициите во блиска иднина, оцени вицепремиерот Ставрески.

Со бизнис форумот во Бостон заврши економскиот дел од посетата на владината делегација на Соединетите Американски Држави.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија