28 Септември, 2024
0.0232

Американските гиганти бегаат во странство поради високите даноци

Објавено во: Анализа 08 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Најмалку 15 големи компании од САД планираат во идните две години да ги пренесат седиштата во странство, пишува Bloomberg . Целта е целосно легално намалување на даноците, откако седиштата на компаниите ќе се преселат во земји како Швајцарија, Ирска или Бермудските острови каде корпоративните даноци се пониски. Една од компаниите кои планираат да го преместат своето седиште, е фармацевтскиот гигант Pfizer. Најголемиот производител на лекови во САД бара "британски адреса", откако пресметките на компанијата покажуваат дека така ќе заштедат 1 милијарда долари, кои инаку треба да ги предадат во државната каса на САД. Pfizer засега е единствениот гигант од САД, кој планира да избега од високите даноци. Останатите компании кои бараат седиште во странски држави се помали. Една од нив - Eaton Corp, смета со преместувањето да спаси 160 милиони долари во форма на даноци. Во последните 20 години американскиот Конгрес се бори активно со практиката, која даночните експерти ја нарекуваат инверзија. Преместувањето на адресата во странство со цел намалување на даноците е тешко, но не и невозможно. Повеќето компании имаат корист од исклучок во законот за борба со инверзија, што им овозможува преместување на адреса во друга земја за време на спојување со друга компанија која не е американска, и чија пазарна вредност е најмалку 25% од онаа на американскиот партнер. За Pfizer обединувањето со AstraZeneca може да даде можност да се регистрира на странска адреса. Фармацевтскиот гигант упати предлог за купување на ривалот AstraZeneca во вредност од 105,6 милијарди долари. Всушност договорот меѓу двете компании во оваа фаза изгледа невозможна, откако раководството на AstraZeneca ја одби понудата, но тоа само го натера Pfizer да помине на "непријателски" предлози, испраќајќи понуди кон акционерите.   К.К.