Ана Ѓорѓиоска (26) избра пат низ непознатото: Денес го остварува својот сон во Минхен како научник

Објавено во: Стил 02 Мај, 2025 09:42
Во време кога надежта за подобра иднина сѐ почесто се бара надвор од границите на татковината, сѐ повеќе млади Македонци се решаваат да го спакуваат својот живот во еден куфер и да заминат во странство – по образование, по работа, по живот со повеќе можности.
Таков е примерот на Ана Ѓорѓиоска, 26-годишна девојка научник-истражувач во водечка биотехнолошка компанија од областа на имуноонкологијата во Германија. Ана која е од Гостивар, во Германија се преселила на 18 години каде ги започнала додипломските студии и каде решила да остане да живее со нејзиниот вереник, раскажува за „Женски магазин“.
„Првпат во Минхен дојдов на викенд патување со мојот сегашен вереник и си рековме дека ако останеме во Германија после студиите ќе живееме токму тука. И така некако се случи, ја добив понудата во компанијата каде што работам сега и веќе следниот месец ние живеевме во Минхен“ - ни раскажа Ана .
Приказната на Ана е уште еден доказ за квалитетот што Македонија го произведува. Од друга страна пак е потсетник за тоа колку младите се подготвени да си ја изградат иднината таму каде што им е дадена шанса.
ЖМ: Ана, Раскажи ни колку време живееш и работиш во Германија?
- Во Германија се преселив на мои 18 години, поточно во 2017 година и тука ги започнав моите додипломски студии кои траеја 3 години. Потоа се преселив во Тибинген, каде 2 години работев на моите магистерски студии. Веќе 2 години живеам и работам во Минхен како научник.
ЖМ: Како замина во Минхен - како почна твојата приказна таму како научник истражувач?
- Првпат во Минхен дојдов на викенд патување со мојот сегашен вереник и си рековме дека ако останеме во Германија после студиите ќе живееме токму тука. И така некако се случи, ја добив понудата во компанијата каде што работам сега и веќе следниот месец ние живеевме во Минхен.
- Отсекогаш природните науки ми биле силна страна, а желбата за студирање надвор од Македонија се појави за време на моите средношколски денови кои ги минав во Гимназијата во Гостивар. Тогаш мечтаев да работам во голема светска лабораторија, па така и почнав да истражувам за студиски програми кои нудат многу практично искуство. Изборот падна на Универзитетот „Јакобс“ (Jacobs University, денес е Constructor University), и насоката биохемија и клеточна биологија. Мојот избор беше правилен и овие студии ми овозможија огромно практично искуство и ми отворија многу насоки за понатамошната кариера. Потоа следеа магистерските студии на „Еберхард Карлс“, еден од највисокорангираните универзитети во Германија, на насоката молекуларна биологија и имунологија. Тука ја засакав имунологијата и тука се роди желбата да ја насочам кариерата баш во тое поле.
- Самиот факт што на 18 години се преселив во непознато место, каде што луѓето кои ги познавав се броеја на една рака, ми претставуваше голем предизвик. Иако предавањата и целокупната комуникација беа на англиски јазик, кој одлично го говорев, сепак обемноста на материјалот и практичната работа, дополнително ми го отежнуваа секојдневието. Секако, верувам како и многу млади луѓе кои се нашле на мое место, и јас помислив да се откажам и да се вратам дома, но мојата амбиција секогаш победуваше. Имав силно зацртани цели и многу сум горда што и покрај сите потешкотии и препреки не се откажав и продолжив да го следам сонот.
Повеќе детали прочитајте Женски магазинМожеби ќе ве интересира
ГЕРМАНСКАТА МЕТЕОРОЛОШКА СЛУЖБА ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛНИ БУРИ: Ветрови до 100 ккилометри на час и лизгање на земјиштето
