29 Март, 2024
0.0314

Ана Глигорова: За да ги извадиме стотици илјади граѓани од должничкото ропство настапуваме на изборите

Објавено во: Интервјуа 01 Март, 2020

Добивај вести на Viber

За прв пат на парламентарни избори во трката за столче во Парламентот ќе настапи политичка опција на која примарна цел ќе и биде намалување на последиците од десетгодишната работа на извршителите кои нанесоа голем број на блокирани сметки, наплата на неколкукратно повисоки камати споредено со основниот долг, организиран синџир на вадење“ сметки од фиоки кои се пуштаат за присилна наплата по десет години, како и социјално и економско загрозување на егзистенцијата на цели фамилии. Најгласните во оваа борба, граѓанските активисти против извршителите обединедите во Движењето на слободни граѓани“, ќе настапат на предвремените парламентарни избори со конкретна политичка програма за социјална правда, намалување на должничките последици, но и заложби за реформирање на сите јавни услуги како здравство и образование. За мотивите за настап на изборите разговараме со граѓанската активистка Ана Глигорова која ќе биде предводник на првата Изборната единица. Според неа по години поминати во граѓански активизам и минимални промени, влезот во политиката значи можност за наметнување на решенија директно во Собранието.

Фактор: Најавивте дека како група на граѓани против неправедното осиромашување на граѓаните занаплата на стари долгови со високи камати и трошоци преку извршителите ќе настапите напарламентарните избори. Дали се формира ново политичко движење или пак ќе коалицирате совеќе постоечка партија?

Глигорова: Како континуитет на нашиот граѓански ангажман, со кој успеавме да ја анимираме јавноста запроблематиката на должничкото ропство, дел од нас одлучи да го артикулира делувањето и восферата на политиката, влегувајќи во политичкиот ринг на изборите 2020. Сметавме декавлегувањето во Парламент ќе биде од голема важност за голем број граѓани кои се заробени во

кругот на должничкото ропство, кои немаат правна, финансиска и социјална сигурност. Вопериодот кога се мислeвме со која партија да настапиме,Граѓанско демократската унија едноставносо програмските цели, платформата,кадарот ни беше блиска на идеите кои ги имамае. Сеодлучивме да настапиме заедно, на овие избори како Движење на слободни граѓани и ГДУ.

Потполно сум свесна дека граѓанскиот активизам има за цел, од надвор да ја корегира и насочувавласта, но после години и години делување успеавме да помрднеме само мал дел од проблемот.Суштината на општествените позитивни, прогресивни промени е во резултатот, во менувањето и

имплементацијата на законите, кое е возможно само ако се влезе во Парламент, па директно седелува. Нашата интенција е разобличувањето на криминалот, посебно оранизираниот криминалкој доби епидемски размери воМакедонија, кој ги опфаќа судиите, обвинителите, банките,нотарите и извршителите. Без сузбивање на криминалот, нема економски развој.

Фактор: Едно од вашите клучни барања е да се извршицелосна ревизија на работата на спрегата меѓу нотарите, извршителите, судиите и јавнитепретпријатија кои тужат граѓани и за една неплатена сметка која останала во „фиока“ пред десет години спремна да биде ставена на извршување. Што треба да се постигне со ваков процес,одговорност, обештетување?

Глигорова: Ревизијата на работата на извршителите и целиот систем на извршување вклучително доверителите, нотарската работа, адвокатските канцеларии, целата таа врзана (па дури и по крвен пат) фела е канцерот на ова веќе разградено општество. За тоа ќе се залагам во првиот момент ако седнам на пратеничкото столче. Во Македонија се низа закони, уставот, и пред се Кривичниот законик. Само за една извршителка има над 80 кривични пријави. Која здрава држава ќе дозволи државен службеник да прави кривични дела и да продолжи со работа? Колку е болно општетвото покажува и фактот на над 100.000  блокирани сметки на граѓани. Тие трансакциски сметки се нефункционални, тие луѓе се дефинитивно издржувани лица од некој во семејството. Интенцијата е одблокирање на сметките и враќање на Народната банка како главен регулатор на платниот промет, а не само нем набљудувач на осиромашувањето на граѓаните. За економски развој може да се зборува само во случај кога граѓаните нема да бидат во кругот на должничкото ропство.

Фактор: По извршениот притисок беа воведени измени во Законот заизвршување и присилна наплата, дали сте задоволни од нив и кои би биле вашите предлози?

Глигорова: После долго време на притисок врз институциите, протести, предлог закони, иницијативи, граѓанскиот сектор во кој делуваме извојува неколку победи – намалување на тарифата за извршителите, намалување на одбитоците од плата или пензија ... За жал, повеќето од измените немаат ретроактивно дејство, повратно дејство па не важат за веќе почнати извршување. Една од првите цели ни е борбата за застарување на побарувањата, намалување на каматата. Без намалување на каматите и доведување во ред на работата на банките во контекст на кредитите кои им ги нудат на граѓаните.

Фактор: Имате ли информации колку граѓани се оштетени во постапките за извршување со огромнитрошоци кои неколкукратно го зголемуваат основниот долг и кои се правните чекори кои може да се преземат?

Глигорова: Стотици илјади блокирани и стотици илјади на кои во моментов им се извршува. Половина милион луѓе во сиромаштија или на самиот раб на бездната од бедата. Граѓаните се јавуваат секојдневно, се наоѓаат во тешка состојба, а нема кој да им помогне. Корумпиран судски систем, клиентализам, непотизам, инертен народен правобранител, тие се најдени самите со себе си, пред лавиринтот на бедата. Главен приоитет ни е и работата на нотарите и платните налози кои ги давале, начинот на кој ги давале, нивната поврзаност со доверителите. Одлучна борба со организираниот криминал. Секако, во изборната програма, покрај борбата против должничкото ропство, е и борбата за чист воздух, работнички права, социјална сигурност, подигнување од пепел на јавното здравство и нов реформиран образовен систем.

Х.С.