29 Септември, 2024
0.0249

Анализа: 50 Нијанси на невработеност

Објавено во: Анализа 13 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Според најновите податоци на Државниот Завод за Статистика, во последниот квартал од 2014 година, стапката на невработеност падна на рекордно најниско ниво од 27.6%.

Стапката на вработеност изнесува 41.5% а стапката на активност 57.4%. Корицата на информацијава е полна со шаренило, но нејзината содржина е во 50 нијанси на црно.

Тажно е што 27.6% е рекорд во најниска стапка на невработеност. Уште потажно е што стапката на невработеност на млади е речиси двојно повисока, 50.4%. Според властите, стапката на невработеност се намалила како резултат на владините активни мерки за намалување на невработеноста. Нели овие мерки се насочени за вработување токму на млади лица? Ако е така, тогаш тие не се факторот што придонел за „рекордната“ стапка на невработеност, бидејќи стапката на невработеност на младите не само што не се намалила, туку истата е зголемена во однос на истиот квартал од претходната година за 0.1 процентен поен. Доказ за тоа се кафулињата кои во 12 часот на пладне вријат од младина, метежот низ улиците во секоја доба од денот и се поголемиот број познаници кои „туристички“ заминуваат по белиот свет, заработувајќи како бејбиситери, келнери и кувари.

stapka na nevrabotenost

Во книгава со наслов „За невработеноста“ се е тажно. Тажна е и улогата на образованието. Ако ја разгледаме структурата на невработените лица според степенот на образование, не удира шок. Најголем дел од невработените лица се со четири годишно средно образование (46%) и со високо образование (15%). Онаа народната „Учи синко за да не работиш“ се исполнува. Ама во сосема спротивен концепт.

stapka na nevrabotenost 1

И на крај, тажно е и времето на објавување на податоците за невработеноста.

Досегашната пракса, прво да се објават податоци за БДП, а потоа за невработеноста, е прекршена. Дали е тоа направено од желба што побрзо да ги израдуваат македонските граѓани со ваква ударна информација, или за да го загаснат фитилот што гори, проценете сами.

Деспина Петреска Економски аналитичар во Finance Think