Анализа: Банкротот на Србија, мит или реалност на една економија?
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2013 08:05
Дали Србија е на работ на банкрот? Аналитичарите во оваа земја водат серизона дебата, а нивните ставови и мислења се контрадикторни. Дебатата се засили откако ММФ го објави песимистичко сценарио за економските случувања во Србија, а потоа следеа и сериозните предупредувања што стигнаа од Фискалниот совет кој предупреди дека финансиите на државата се наоѓаат на стаклени нозе. Николас Алтипармаков, член на Фискалниот совет во Србија смета дека постои реален ризик од банкрот на јавните финансии, додека пак економистот Мирослав Здравковиќ смета дека државата не може да банкротира со оглед дека на сметка има повеќе од 260 милијарди динари и дека може редовно да ги сервисира долговите.
Aлтипармаков: Да се замрзнат платите и пензиите
Тврдењето дека Србија е на работ на банкрот, аналитичарот Алтипармаков кој е член на Фискалниот совет во Србија го темели на анализата на ММФ за податоците кои се однесуваат на земјите во транзиција. Според таа анализа, гледано од крајот на Втората светска војна, па досега, се покажало дека голем број на земји во развој, чии долгови достигнале 60 отсто од БДП, како што е сега во Србија, на крајот банкротирале на еден или друг начин. Само неколку од нив успеале да го избегнат банкротот.
„Ризикот од банкрот на јавните финансии во Србија е многу реален, изјави Алтипармаков, за српските медиуми. Проблемот со реформите во јавните финансии се акумулира од 2006 година, како и во изминатите 13 години, бидејќи во транзицијата се троши повеќе од она што се произведува, објаснува Алтипармаков.
„Србија, од 2008 година од најмалку задолжените земји во регионот дојде на второто место, веднаш по Унгарија и тој тренд порано или подоцна ќе стане неподнослив. Поради ова, потрошувачката мора да се усклади со овој проблем“, смета Алтипармаков, и посочува дека е неопходно замрзнување на платите и пензиите во јавниот сектор.
Фискалниот совет претходно соопшти дека јавните финансии во Србија се во многу лоша позиција и дека е неопходно порано да се донесе ребалансот на буџетот каде ќе треба да вклучат мерки за контрола на платите и пензиите во јавниот сектор.
Фискалниот дефицит во 2013 година, наместо планираните 3,6 отсто од БДП, ќе надмине 5,5 отсто од БДП, додека јавниот долг е веќе над 60 проценти, и ќе продолжи да расте во текот на оваа и следната година, соопштија од Фискалниот совет.
Расте невработеноста – секој четврт без работа
Растот на невработеноста Србија не запира почетокот на економската криза, а стапка на невработеност достигна рекорд. Од 16% во 2009 година, сега се искачи на 26,7 %.
„Она што е особено неповолно е фактот дека две петтини од невработените биле без работа повеќе од пет години, а само една четвртина од невработените се без работа околу една година, изјави Видојевиќ,државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, додавајќи дека највисока стапка на невработеност има меѓу младите луѓе под 30 години. Според најновите податоци од март оваа година, од 790.000 невработени, уделот на младите луѓе е 27.000. Најмногу откази во преработувачката индустрија – најстабилни странските фирми
Според податоците на институциите, Видојевиќ посочува дека поголемиот дел од оние кои ги останале без работа се во преработувачката индустрија, што е резултат на намалената заработувачка како и на намалената куповната моќ на населението, бидејќи со самото тоа што се намалува потребата за производство, се намалува и нема потребата од ангажирање на работна сила. Кога станува збор за пазарот на трудот и бизнисот, најстабилна е ситуација кај странските компании како Фиат, Јуре и Газпром.
Дополнително, некои истражувања покажале дека само 15% од работодавачите во Србија имаат намера годинава да вработуваат нови работници, 55% рекле дека ќе отпуштат, додека 30% не кажале што планираат.
Околу 50.000 работодавци не ги плаќаат редовно придонесите за вработените, што се смета за еден од најголемите проблеми. Како можно решение српската влада најавува воспоставување на регистар каде ќе ги има сите информации за степенот на исполнување или неисполнување на обврските на компаниите. Врз таа основа, ќе се проценат понатамошните мерки и санкции, за да може тој неповолен тренд како што веалат да се доведе до некоја разумна граница, ако веќе не може да се искорени.
Во моментов во Србија има околу 850.000 граѓани кои имаат потреба од социјална помош од владата, а пет проценти од нив се на работ на сиромаштијата. За справување со овој проблем за оваа година, владата во Србија одвоила 30 милијарди динари.
С.Н.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





