05 Декември, 2025
0.0340

Анализа: Богатите луѓе го сакаат Лондон

Објавено во: Анализа 21 Март, 2015 08:35

Добивај вести на Viber

Лондон е омилено место за живеење помеѓу најбогатите жители во светот. Ова стои на податоците од последниот извештај за светското богатство на „Knight Frank“ - меѓународна консултантска компанија во областа на недвижностите.

Според податоците во светот има околу 173 000 приватни лица со капитал над 30 милиони долари, а 4364 од нив се одлучуваат да живеат во британската престолнина. На второ место за живеење на најбогатите жители се рангира Сингапур (со 3227 богати жители), следен е Њујорк, каде живеат 3008 супер богаташи, и Хонг Конг  со 2690 од најпознатите богатите луѓе.

Аналитичарите, сепак прават објаснување дека изборот на богатите не е наменет кон мегаполисот. Ако се спореди процентот на богатите по глава на жител во секој од градовите, тогаш листата е предводена од Женева, каде што има 143.7 богаташи на 100 000 луѓе. Следат Цирих со 70.8 богаташи на 100 000 луѓе, Сингапур и Франкфурт.

богати

Статистиката покажува дека богатите луѓе се и многу мобилни, а најчесто богатите луѓе ја напуштаат Русија, Австралија и Азија го инвестираат своето богатство во имот на Северна Америка и Европа.

Извештајот прави прогноза дека за 10 години - до 2024 година - Њујорк, Токио и Пекинг ќе бидат градовите со најмногу од најбогатите луѓе во светот. Но истовремено со тоа експертите предупредуваат за загрижувачки тренд - дека големите градови ќе се претвораат во елитни тврдини, недостапни за социјално слабите. Тие се оформуваат како огромни стамбени населби што ја зајакнува социјалната поделба и ограничување на  културната размена и социјална разновидност.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени