29 Септември, 2024
0.0315

АНАЛИЗА: Експертска влада за излез од кризата?

Објавено во: Анализа 23 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Во очекување на средбата меѓу претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер и премиерот Никола Груевски, домашната експертска јавност по објавување на третата политичка „бомба“ на лидерот на СДСМ Заев, предупредува дека кризата станува се подлабока и дека решението е неозможно без вклучување на меѓународната заедница. Неодамна, европскиот политичар Хан изјави дека Македонија се наоѓа во многу длабока политичка криза и дека е потребна независна истрага.

Независна истрага за политиките бомби ...

Состојбата во Македонија се влошува и за разврска, во услови на партизирано судство и контролирани медиуми, меѓународната заедница треба посериозно да се вклучи, сметаат дел од аналитичарите што ги анкетираше „Порталб“.

„Во состојба кога имате партизирано судство, нелегитимен парламент, контролирани медиуми, кога законодавната, извршната власт се контролиран од тајната полиција, не можете да сметате дека тоа може да се решава само преку политички изјави од комесари или од европски парламент односно европски совет. Сметам дека меѓународната заедница треба да дејствува побргу со експертска помош во делот на судството, односно да се формира меѓународен суд кој ќе ги разгледа сите детали во врска со прислушкувањата. Мислам дека меѓународниот фактор треба да помогне итно да се формира и експертска влада.  Имајки ја предвид сериозноста на состојбата сметам дека тој суд треба да има подолг и поширок мандат.“, вели универзитетскиот професор Сулејман Рушити.

Според професорот,  меѓународниот суд  треба да има можност да покрене иницијативи не само за инкриминираните во криминал и корупција,за кои може да се обезбедат докази во материјалите од прислушкувањата ,туку и на сите досегашни политичари и ностели на јавни функции. Според професорот Рушити, дури ако е потребно треба и да се повтори процесот на лустарција, кој според него се спровел селективно.

Во ист ден кога опозициската СДСМ ги објави тонските записи од третата политичка “бомба“, во Брисел се огласи еврокомесарот Јоханес Хан.

„Ги повикувам сите партнери да го решат овој конфликт почитувајќи ги принципите на владеење на правото. Ако постоја метеријали кои кои би имале криминлани последици и слично, тоа треба да биде пренесено, да биде поднесено до тие кои го водат случајот, до обвинителите кои треба да го водат случајот независно и доколку е потребно и транспарентно.“, изјави европскиот политичар Хан.

Скорешна и правична разрешница од политичката криза, без директно вклучување на меѓународната заедница не очекува ниту професорот Веби Беџети.

„Од ова ситуација може да се излезе само со поголемо присутсво на меѓународниот фактор кој би бил активно вклучен во самата истрага на доказните материјали објавени од лидерот на СДСМ и секако, обејктивност и независност од страна на судството. Мислам дека поголемото присуство на влијателните функсионери на ЕУ  во овие осетливи моменти  е голем надеж кај граѓаните  дека  вистината ке излезе на виделина со утврдување на доказите без да се крие вистината.“, вели прфесорот Беџети.   Можни ли се меѓуетнички судири?   Во дел од прислушкуваните материјали, според опозициската СДСМ, се и разговори на албански опозиционери но и на лидерот на ДУИ и коалициски партнер на Вмро-Дпмне, Али Ахмети. Веднаш по објавување на материјалите, партијата не ја негираше автентичноста на снимките, и повика за институционална разврска. По средбата со еврокомесарот Хан, од ДУИ информираа за разговорите.   “Политичкиот дијалог мора да се обнови значително и да се интензивира. ДУИ го поддржува овој процес и ги повикува страните да го решат ова прашање на транспарентен начин и со внимание кон заедничкото добро на земјата“, посочија од ДУИ.      Според аналитичарите, објавувањето на снимки во кои се вклучени и функционери на ДУИ нема да доведе до меѓуетнички судири, но мора да води кон понесување на одговорност.

„Слушнавме некои квази анализи дека би можеле да имаме меѓуетнички конфликт ако се објавуваат снимки на албански политичари. Мислам дека намерното прикривање на истите сигурно ќе доведе до конфликт од пишироки размери. Албанците, се многу скептични. Сметаат дека нивните претставници се пазарувале на штета на нивните права. Сметаат дека македонските партии ги држеле под контрола токму со тајната полиција, односно со уцена дека ќе ги објавуват коруптивните афери на албанските политичари. Во случај да не се објават прислушкувањата за албанските политичари, албанците тоа ќе го сфатат како продолжување на моделот.“, вели професорот Рашити.

Според професорот Беџети, објавените снимки од СДСМ директно го засегаа и коалицискиот партнер ДУИ. „Објавените снимки за прислушувањата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети е доказ дека коалициониот партнер во Владата ги понижува, омаловажува и ги контролира за политичките дејства и неговите соработници.  ДУИ и Али Ахмети сериозно се засегнати со овој скандал но исто така стравуваат и од натамошни објавувања кои би можеле  да бидат уште по опасни, со подлабоки ипмликации.  Лидерот на ДУИ треба да биде поактивен во расветлување на ова афера и исто така како владин партнер да сноси политичка одговорност  за евентуално незаконските дејства.“, оценува професорот Бџети.   Аналитичарите сметаат дека повеќе не е важно кој прислушкувал, туку е важна содржината на материјалите и тоа дали во нив има докази за криминал, пред кои не треба да замолчат и замижат надлежните институции. Извор: Порталб