Анализа: EUR/USD
Објавено во: Анализа 28 Јуни, 2013 10:05
Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD. Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти на овој валутен пар.
Фундаментална Анализа за EUR/USD:
Еврото продолжи да закрепнува во однос на американскиот долар. Добрите податоци од продажбата на мало во Германија го поттикнаа растот на заедничката валута, која, сепак, беше ограничена поради изјавата на гувернерот на ЕЦБ Марио Драги во почетокот на неделата дека монетарната политика на Европската централна банка ќе остане полабава но се очекува постепено закрепнување на европската економија до крајот на годината. Во меѓувреме, на движењето на доларот доминантно влијание има очекувањата за иднината монетарна политика на Банката на федерални резерви. Недоволно добриот резултат од пазарот на трудот, која е објавена вчера во САД го поттикна оптимизмот кај инвеститорите дека Банката на федерални резерви се уште нема да се откаже од програмата за монетарни стимуланси. За време на азиското тргување еврото се зголеми 0,19% во однос на доларот.
Техничка Анализа за EURUSD:
На едночасовниот графикон, на MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, а додека RSI не покажува јасен тренд. Цената осцилира измеѓу средната и долната Bollinger линија, така да е можен и понатамошено осцилирање на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.
Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.30400 , со прва цел на 1.30600 и втора цел на 1.30800.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.30300, тогаш е можен понатамошен пад до 1.30000.
Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.
Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





