17 Мај, 2024
0.0363

Анализа: Грција нема да се извлече без нов помошен пакет!

Објавено во: Анализа 09 Март, 2015

Добивај вести на Viber

За Грција времето повторно поминува премногу брзо. Бидејќи земјата се соочува со можноста за испаѓање во државен банкрот уште во март, Атина се држи во резервен план. Но, пред средбата на министрите за финансии од еврозоната во понеделникот Европската централна банка (ЕЦБ) постави јасни граници. И Европската комисија исто така инсистира Атина да покаже успех во реформите, со кои се обврзала. Но, дури и во овој случај постојат сериозни сомневања за тоа дали Грција ќе успее да се справи без дополнителна помош од партнерите.

Според водечките економисти во Германија и Европа медитеранската земја нема да може да избегне трета програма. „Дури и ако петтиот преглед на реформите биде успешно завршен до крајот на април и меѓународната заедница ослободи за земјата уште 7 милијарди евра за Грција ќе биде тешко да исплати 2 милијарди долари во обврзници во јули“, изјави главниот економист на „Commerzbank“ Јерг Кремер за „Handelsblatt“. „Откако владата на Сириза испрати толку контрадикторни сигнали, еден заем од приватни инвеститори се чини сосема нереален“, смета тој.

На овој начин на Грција не и 'останува друг избор освен да побара трета програма. „Во спротивно, најверојатно ќе дојде до банкрот, што ќе ја принуди ЕЦБ да ја прекине можноста грчките банки да влечат итни заеми преку ELA. А тоа е еднакво на излегување од монетарната унија“, смета тој.

Според главниот економист на „DZ Bank“ Штефан Билмаер и според директорот на Институтот за макроекономски анализи (IMK) Густав Хорнц Грција најверојатно ќе има потреба од трет пакет финансиска помош.

Економистите се базираат на очекувањата на фактот дека Грција може да се соочи со остри фискални проблеми побрзо од очекуваното. Европската централна банка (ЕЦБ) нема да и обезбеди на загрозената од банкрот страна свежо финансирање, за разлика од надежите на премиерот Алексис Ципрас. Во прилог одат и последните предлози на министерот за финансии на земјата Јанис Варуфакис за реформи и зголемените приходи нема да се доволни, гласи мислењето на Европската комисија.

Во писмо до Еврогрупата викендов Варуфакис инсистираше за инстант преговори на работно ниво и им предложи на доверителите уште серија на реформи. Тој  истовремено се закани со референдум во земјата ако не се продолжи курсот на строгите ограничувања на ЕУ. Во неделата сепак од грчкото Министерство за финансии истакнаа дека припадноста на Грција кон еврозоната не е тема за дебата. Претседателот на Еврогрупата Јерун Дајселблум во меѓувреме ги нарече предлозите на Варуфакис „корисни, но истовремено побара ревизија на мерките од страна на меѓународните инспектори“.

Доцна денеска министрите за финансии од еврозоната се собираат во Брисел за да разговараат за писмото на Атина со ветените реформи. Како основа за дискусиите Варуфакис набројува низа предлози. Така на пример Грција планира да собира даноци од онлајн коцкање и да ја намали уште бирократијата, но исто така и да им помогне на најсиромашните Грци. Аматери - даночни инспектори ќе треба дополнително да собираат со камери и апарати за снимање докази против лицата обвинети за затајување на даноци, меѓу таксистите, занаетчиите и рестораните.

Во писмен одговор до Варуфакис Дајселблум вели дека за предлозите ќе треба дополнително разгледување. При денешниот преглед министри ќе ги разгледаат детално сите предложени мерки. Многу Грци ги сметаат посетите на познатата"Тројка" на инспекторите на Европската унија (ЕУ), Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во нивната земја како омраза. Со години сепак Грција зависи од помошта на овие кредитори. За ослободување на дополнителна помош тие бараат исполнување на претходно договорените мерки за штедење и реформи. Сепак, новиот грчки премиер Ципрас победи на изборите со своето противење на овие услови и сега се обидува да постигне нов договор за да се спаси земјата од банкрот.

Сепак неодамна Ципрас изјави дека неговата влада нема да се стреми кон договарање на трета спасувачка програма. Неговиот министер за финансии Варуфакис неодамна изјави за „Handelsblatt“ дека на неговата земја и требаат уште пари. „Она што Грција има потреба, се инвестиции за обнова на економијата“, појасни тој.

„Не сакам државата да задолжувана повеќе“, нагласува Варуфакис. Новиот договор, што треба да биде готов до крајот на јуни, треба да биде „Пакт за раст“, кој ќе се базира на инвестициите од приватниот сектор. Тогаш нашата економија ќе може повторно да расте и нема да сме принудени да молиме постојано за кредити од европските даночни обврзници“.

Главниот економист на „DZ Bank“ Билмајер повика за спасувачки пакет без дополнителни од милијарди средства. „Понатамошно реструктуирање на долгот, продолжување на роковите за отплата и намалување на каматната стапка би било поефикасно отколку традиционалните пакети од парична помош“, изјави тој за „Handelsblatt“.

Во таков случај Грција ќе може да го користи идниот примарен суфицит во буџетот за финансирање на промени во социјалната политика и за ублажување на потребниот процес на реформи. „Во исто време земјите од еврозоната нема да го зголемуваат дополнително финансиско-политичкиот ризик, ако Грција не ги објави структурни промени и структурната состојба продолжува да се влошува“, рече Билмајер.

Според директорот на „IMK“ Густав Хорн една дополнителна спасувачка програма би била со помал обем од очекуваното од многумина. Според неговите зборови, сегашната стратегија на грчката влада да ги зголеми социјалните плаќања ќе придонесе преку ефектот на зголемената побарувачка за благо економско заздравување. Ова ќе помогне за намалување на дефицитот, тврди Хорн.

„Грција има потреба од програма за раст со интензивен карактер“, тврди економистот.

„Само на овој начин во комбинација со даночно-политичките структурни реформи може да се постигнат потребните приходи, со кои ќе се намали долгот“. Алтернативата би била „кастри го долгот“ со ризикот од значителна политичка и финансиска криза, смета тој.

Според претседателот на Германскиот институт за економски истражувања (DIW) Марсел Фратшер само владата во Атина може да го спречи преземањето на новата програма. „Ако владата не сака трета спасувачка програма, тогаш треба да покаже реформи кои ќе го пополнат недостигот на финансирање во износ од меѓу 30 до 40 милијарди евра во следните три години, и нема да молат за подароци од своите европски соседи“, изјавил Фратшер за „Handelsblatt“.

За него идејата на Атина да го става приоритетот над приватните инвестиции, со кои сака да се постигнува економски раст, е точен. Но, тоа може да се постигне само во случај кога компаниите и граѓаните ќе покажат доверба кон власта.

„Голем дел од довербата новата влада веќе истрошила во последниве недели и сега мора да победи повторно преку веродостојни и убедливи реформи “, смета економистот. Според него сега постигнување на одржлив раст ќе бара „државата да не надминува  и да не троши повеќе отколку што заработува“.

Засега Европската комисија реагира внимателно на неодамнешните тврдења од Атина. Заменик-претседателот Валдис Домбровскис изјавил за  „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ дека сеуште неискористен дел од кредитот може да се исплати само ако грчката влада ги испочитува барањата на реформи од договорената програма. „Владата во Атина се уште гледа на овој проблем поинаку од нас“, призна тој.

Главниот економист на „Commerzbank“ Кремер ги очекува преговорите за нова спасувачка програма со волумен од околу 20 милијарди евра за следните три години. Со овие пари Грција може да опслужува долгови во текот на три години. „Со ова уште некое време ќе може да се одржи илузијата дека Грција може да го опслужува сама својот долг“, вели тој. Истовремено Кремер не ја исклучува  можноста од излегување на Грција од монетарната унија. Тоа навистина би ја довело земјата до „економски хаос“. „Но еден „Grexit“ нема да го загрози постоењето на монетарната унија“, смета тој.

И.Р