29 Септември, 2024
0.0248

АНАЛИЗА: Југоисточна Европа – лидер во чистата енергија?

Објавено во: Анализа, Економија 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

На крајот на 2014 година „Progress Software Corporation“ од Силиконската долина стекна бугарската стартап компанија „Telerik“ со цената од 262,5 милиони долари, огромна сума за најсиромашната држава во Европската унија (ЕУ). Два месеци подоцна поголемaта јаглена централа во Варна, сопственост на чешката енергетска компанија „ЧЕЗ“, затвори, бидејќи не можеше да ги исполни еколошките стандарди на ЕУ и да остане конкурентна. Овие настани ја истакнуваат битката помеѓу генерациите во Југоисточна Европа, пишува поранешниот министер за животна средина на Бугарија Јулијан Попов за „The Financial Times“.

Регионот, кој може да се каже дека вклучува 18 земји, од Турција до Италија, има население од 220 милиони луѓе и површина од 2 милиони квадратни километри. Повеќето држави се во битка меѓу минатото и иднината. Борбата покрива прашања од толкување на историјата до индустриски политики.

Старата гарда влече наназад. Владите сонуваат за реиндустриализација, основно разбирање како заживување на неефикасните индустрии од времето на комунизмот. Повеќето земји се придржуваат до идејата да се претворат во регионални енергетски центри. Дали тоа значи дека изградбата на повеќе електрани, во споредба со соседната земја или распоредување на повеќе цевководи, сонот надживеа промена на владите и режими, војни, членство во ЕУ и преминот во новиот век.

Катализатор на сонот се стратегиите на Москва да продава нуклеарни електроцентрали и да влезе на европскиот пазар на природен гас во Југоисточна Европа, за да може да ги запре алтернативните гасни проекти кои можат да ја лизнат Русија од нејзината позиција на пазарот.

Векови на борба за создавање на национални идентитети исто така не помагаат. Независните енергетски резерви често се гледаат како стратешки приоритет.

Во меѓувреме, секторот на чистата енергија расте брзо. Со многу сонце, добри ветрови услови и изобилство од водни ресурси Југоисточна Европа има висок потенцијал за обновлива енергија. Во Романија се наоѓа најголемата централа за соларна енергија на копно во Европа, а во 2012 година Бугарија инсталира повеќе соларни панели по глава на жител отколку која и да е друга земја во светот. И двете држави ги имаат постигнато целите за обновлива енергија според програма 2020 на ЕУ. Албанија е една од двете европски земји со речиси 100% обновлива енергија. На другата страна е Норвешка.

IT секторот исто така цвета. Според индексот за светските локации кои обезбедуваат услуги, на консултантската куќа „AT Kearney“ Бугарија е најдобриот аутсорсинг дестинација во Европа и деветтата во светот. Една неодамнешна анализа на „Stack Overflow“, популарна онлајн заедница на програмери, ја стави Бугарија на лидерската позиција со највисока просечна репутација меѓу првите корисници во светот. Хрватска е на петтото место. Романија и Бугарија се често присутни во листите на десетте земји со најбрза интернет конекција.

Чистата енергија и IT секторот добро работат заедно. Иднината на енергијата зависи од интелигентните системи - од паметни мерачи до комплексно управување на побарувачката и регионалните пазари на енергија. Италија е првата земја која инсталирала паметни мерачи во речиси сите домаќинства. Австрија е првата европска земја која претставува интелигентно решение за мерење, врзивно на енергетскиот и телекомуникацискиот сектор. Двете стари членки на ЕУ играат значајна улога во регион каде се успешни инвеститорите.

Постои голема разлика помеѓу енергијата и IT секторот. Додека IT сферата е претежно Претприемачка и независна од државата, енергетиката зависи од политиката, регулациите и регионалната соработка. Ниту еден од овие фактори не работи во интерес на претприемачкиот потенцијал на Балканот. Енергетската унија на ЕУ може да помогне. Европската комисија (ЕК) призна дека Југоисточна Европа како регион со висока енергетска ефикасност и потенцијал за обновлива енергија, кој сепак има потреба од итна акција. Таа одлучи дека тој е ранлив дел и започна иницијативи, со кои ќе се направи енергетскиот сектор потранспарентен.

До неодамна Југоисточна Европа беше третирана главно како гасен коридор - поедноставен концепт кој ја занемаруваше ранливоста на регионот, неговиот економски потенцијал и неговиот потенцијал за обновлива енергија. Регионот сепак може да се претвори во првак во чистата енергија и новите технологии, стимулирање на економијата и безбедноста, додека во исто време значително придонесува за европската конкурентност и постигнување на климатските цели.

Ако балканските земји ги напуштат старите соништа за енергетска супериорност и дејствуваат повеќе транспарентно и со претприемачки дух, тие можат да преминат во иднината на меѓусебно и користење на чиста и ефикасна енергија, се вели во анализата.