18 Декември, 2025
0.2989

АНАЛИЗА: Камати од нула па нагоре, која банка колкави приноси нуди за штедењето

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2021 07:25

Добивај вести на Viber

Банките чуваат кајсебе депозити од граѓаните од фирмите во вкупна вредност од над 7,4 милијарди евра, на крајот на спетември, од кои штедните влогови на домаќинствата изнесуваат 4,8 милијарди евра. Според статистиката на Народната банка на годишно ниво депозитниот раст е 8,3 проценти а динамиката на раст не забави ниту во последниот кризен период, ниту во пандемија. Граѓаните одлучуваат најсигурно да ги штедат своите пари во банките, и покрај исклучително ниските каматни стапки на депозитите кои секако се делод глобалните тенденции и  олабавените политики на Централните банки во Европа и САД. Додека во западните земји на штедењето се пресметуваат и негативни стапки на принос, во земјава дел од банките сега веќе имаат нула камати за штедењето. Фактор ги анализираше каматните стапки кои ги нудат поголемите банки на домашниот пазар, а споредбата покажува дека иако не се значјани има некои разлики во висината на каматите за депозитите. Дополнително дел од банките од месецов дополнително ги намалија каматните стапки.

Фактор анализираше депозитни производи само за денарско штедење во неколку банки во зависност од рочноста на штедниот влог. Се разбира депозитите по видување речиси и да немаат камати, а влоговите орочени до 60 месеци се со највисоки  каматни стапки кои во најголем дел се варијабилни. Во Комерцијална банка редовните денарски депозити по видување имаат фиксна каматна стапка од 0,01 процент. Едномесечните депозити се со камата од 0,02 процент, додека тие орочени на три месеци се со камата од 0,05 проценти, колку што е каматната стапка и на шестмесечниот депозит. Во Комерцијална банка едногодишниот  депозит е со камата од 0,3 проценти фиксни, а тој на 24 месеци- 0,7 проценти, а на 36 месеци е 1 процент.

Во Стопанска банка највисоката каматна стапка е на депозитот орочен на 36 месеци или 0,8 проценти фиксни, а во НЛБ Банка е 0,25 проценти фиксни. Кај депозитите на 36 месеци над еден отсто е каматата во неколку помали банки, но и во Халк банка која спаѓа во групата на големи банки. Во оваа банка кај каматата на депозитот на 36 месеци се пресметува камата од 1,2 проценти фиксни. Стопанска банка и НЛБ банка немаат во моментот промоции за промотивни каматни стапки, додека такви нуди Халк банка. Во Халк банка всушност и каматните стапки на депозитите со пониска рочност се повисоки, Промодепозитите на 25 месеци во денари се со каматна стапка од 1,3, а на 13 месеци со 1,0 процент фиксни. Денарскиот депозит на 24 месеци во Халк банка има каматна стапка од 0,90 процент, а тој на 12 месеци е со камата од 0,3 проценти.

Кога станува збор за депозитите во евра, банките пресметуваат пониски камати. Варијации има и кога се анализираат групи депозитни производи, а секоја банка има низа такви. Сепак речиси сите се со камати до најмногу 1,9 проценти, со исклучок на Комерцијална банка која има производ со фиксна камата со стимулативен ефект за депозити со износ над 50.000 евра. Највисоки се каматите кај производите кои имаат рок од 60 месеци.

Народната банка измери дека во септември каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи минимален месечен пад од 0,01 проценти и изнесува 0,74 отсто. Промената во целост се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула, во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан пад од 0,22 проценти, во споредба со истиот месец претходната година. 

A.T.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?