29 Септември, 2024
0.0270

АНАЛИЗА: Кој и зошто се најде на листата најдобри 10 универзитети во Европа

Објавено во: Анализа 02 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Како колевка на образованието, културата и цивилизацијата, Европа е дом на некои од најстарите и престижни универзитети во светот. CNBC прави преглед на десетте најдобри универзитети во Европа, базирајки се на рангирањето за светско високо образование за 2014-2015 година на QS. Рангирањето е изготвено за прв пат во 2004 година и го оценува квалитетот на наставата, истражувањата, способности за вработување и меѓународниот имиџ. Над 3.000 институции низ целиот свет се оценети а во рангирањето се вклучени ни повеќе од 800. Во лисјата присуствува само еден бугарски универзитет - Софиски Универзитет "Св. К (10) University of Bristol, Англија 10. University of Bristol univerzitet 10 Основан во 1909 година со кралски декрет од кралот Едвард VII, Универзитетот во Бристол е дом на повеќе од 15 000 студенти oд ветеринарна медицина до право, историја и англиска литература. Приходите на Универзитетот во 2013-2014 година се 485,5 милиони фунти, a 27% од нив - 131,5 милиони fунти, доаѓаат од истражувачки стипендии и договори. Малку над 104 милиони фунти се резултат на грант од спонзори органи. Универзитетот е на 29 место на светската ранг-листа. (9) Ecole Normale Superieure, Франција univerzitet 9 Базиран во Париз, Ecole Normale Superieure е основан во 1794 година за време на Француската револуција. Истражувачката дејност е клучна за Универзитетот со 36 истражувачки оддели, над 100 екипи и повеќе од 850 000 книги, распределени во 12 библиотеки. Луј Пастер, пионер во вакцинациите и еден од највлијателните хемичари и микробиолози, е директор за истражување на универзитетот во 1857 година. (8) Ecole Polytechnique Federale de Lausanne (EPFL), Швајцарија univerzitet 8 Основан во 1969 година EPFL е еден од водечките светски универзитети, специјализиран во областа на инженерството. Лоциран е во франкофонскиoт дел на Швајцарија. На светско ниво Високата школа е на 17 место, заедно со Универзитетот во Единбург. Слично на ETH Zurich, EPFL е центар за иновации и развој. 192 стартaпи започнале во универзитетот помеѓу 2000 и 2014 година, а институцијата поднела 99 "приоритетни патенти" за минатата година. (7) The University of Edinburgh, Шкотска univerzitet 7 Основан во 1583 година Универзитетот во Единбург е еден од најстарите во англиското говорно подрачје. Во 1996 година истражувачите од Roslin Institute во универзитетот станаа дел од историјата - и водечките наслови, кога успешно го клонираа првиот цицач во светот, овцата Доли. Универзитетот е на 17 место на светската ранг-листа, заедно со Ecole Polytechnique Federale de Lausanne. (6) King's College London, Англија univerzitet 6 Основан во 1829 година од страна на кралот Џорџ IV и војводата на Елингтон, King's College London е лидер во наставата и истражувањата. Во моментов во него учат околу 26 000 студенти, а King's добива околу 164 милиони фунти приходи од истражувања годишно. Поранешни алумни на Универзитетот се и архиепископот Дезмн Туту и водечкиот теоретски физичар Петар Хигс, кој ја доби Нобеловата награда во 2013 година за работа во теоретската физика и за истоимената Хигс бозон честичка. (5) Swiss Federal Institute of Technology во Zurich (ETH Zurich), Швајцарија univerzitet 5 Универзитетот е една од светските водечки институции за истражување во областа на технологијата и природните науки со повеќе од 18 600 студенти во 2014 година. Тој е еден од двата швајцарски федерални технолошки институти, а другиот е оној во Лозана, и е лоциран во германскиот говорен дел на Швајцарија. На универзитетот учеле и работеле големи имиња како Алберт Ајнштајн, кој бил студент, а потоа и студент по теоретска физика. Најмоќниот суперкомпјутер во Европа се наоѓа во Швајцарскиот национален суперкомпјутер центар во Лугано, управуван од ETH Zurich. Иновациите се јадрото на институцијата. Од 1996 година досега над 300 самостојни компании започнале од универзитетот. (4) University College London (UCL), Англија univerzitet 4 Основан во 1826 година University College London е еден од водечките светски универзитети со широк спектар на факултети. Ова е првиот универзитет во Лондон, а 29 од студентите или академиците му биле наградувани со Нобелова награда. Поранешни студенти се пронаоѓачот на телефонот Александар Бел, пионерот во истражувањата на ДНК Френсис Крик и музичката група со мултимилионни продажба Coldplay. UCL е на пет место на светската ранг-листа, делејќи ја позицијата со Универзитетот во Оксфорд. (3) University of Oxford, Англија univerzitet 3 На петтото место на светската ранг-листа, заедно со UCL гламурозните кули на Оксфорд привлекуваат студенти и туристи од векови. Во градот се предава од 1096 година, 30 години откако Вилијам Освојувачот пристигнува на англиските брегови од Франција. Дом на над 22 000 студенти од 140 земји Оксфорд останува еден од најдобрите универзитети во светот, признат во наставата и истражувањата. Ресурсите му се импресивни, а Бодлиевите библиотеки сместуваат повеќе од 11 милиони печатени изданија. (2) Imperial College London, Англија univerzitet 2 Фокусиран на науката, инженерството и медицината, Imperial College е основан во 1907 година, а во моментов е дом на повеќе од 14 000 студенти од 125 земји и 7 000 тима. Универзитетот е светски познат со академска строгост и совршенство. Дел од него се 14 нобелови лауреатa и 2 филдсови медалиста. Приходите на Imperial College за 2013-2014 година од истражувачки стипендии и договори и од Советот за финансирање на високото образование во Англија изнесуваат 449 милиони фунти. Заедно со Универзитетот во Кембрид, Imperial го дели второто место за најдобар универзитет во светот. (1) University of Cambridge, Англија univerzitet 1 Основан во 13 век University of Cambridge е еден од најпознатите, стари и водечки образовни институции во светот. Алма Матер личности како поетот Џон Милтон, биологot Чарлс Дарвин и актерката Ема Томпсон, Кембриџ добиваat пофалби за истражување од "светска класа". Слично на нејзиниот ривал Oxford University, Кембриџ е составен од десетици помали колеџи, за кои аплицираат учениците. Само од Trinity, еден од најпрестижните колеџи на Кембриџ, излегле 32 нобелови лауреати. QS гo става Кембриџ на второ место во светот, а пред него е само МИТ (MIT) во САД. K.K.