29 Март, 2024
0.0248

Бизнис адвокатските друштва со добар бизнис во 2016

Анализа: Колку се успешни најдобрите бизнис адвокатски друштва во Македонија?

Објавено во: Анализа 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Махери со клиенти или барем ние така ги замислуваме дел од најдобрите и секако најзвучните имиња меѓу адвокатските друштва во Македонија, особено тие кои застапуваат големи бизниси и имаат огромна листа на фирми чии интереси ги бранат и унапредуваат во правниот промет. Тоа што со сигурност може да кажеме е дека токму поради нив и оваа специфична професија која носи обврски пред јавноста носи високи годишни приливи на средства. Четирите адвокатски друштва со поголем акцент на бизнис советодавни услуги и посредништво кои ги анализиравме заедно носат приходи од речиси 5 милиони евра годишно. Перспективно нивната заедничка добивка изнесува околу 1 милион евра кога ќе се соберат сите чисти профити што исто така укажава дека и трошоците во овој бизнис не се за потценување.

Чукиќ и Марков е дефинитивно едно од најголемите адвокатски друштва во Македонија со „армија“ на соработници за различни деловни категории, па така и нивните приходи се на највисоко ниво. Тие во 2016 изнесувале нешто над 3 милиони евра, а споредено со годината претходно бележат и голем раст од речиси 30%. Ако се анализира 2015 година приходите изнесувале околу 2 милиони денари, но тогаш и расходите биле многу високи, па така „чистата“ добивка им изнесувала само 2 илјади евра. Една година подоцна и сликата е сосема поинаква, приходната маржа е драстично зголемена поради намалените расходи и профитот за 2016 изнесува околу 800.000 евра.

Поленак како адвокатско друштво кое се грижи за туѓи бизниси и покрива голем број на компании исто така може да се пофали и со солидни финансиски резултати. 

Повеќедецениската традиција на Поленак ја одржуваат Кристијан Поленак и Татјана Поповски-Булоски кои заедно со нивните соработници на друштвото му донеле приходи од речиси 1 милион евра во 2016 година со мал напредок од годината претходно. Кај адвокатското друштво Поленак профитната маржа не е за потценување и добивката за 2016 изнесува околу 80 илјади евра, но е речиси на исто ниво како и во 2015 без оглед на за нијанса поголемите приходи.

Адвокатското друштво Трпеноски е едно најпрочуените во Македонија, основано од легендарниот адвокат Јован Трпеноски меѓу другите кој е во пензија. Трпеноски како адвокатска фирма има годишно околу 400 илјади евра приход. Големиот тим со одлични адвокати од речиси сите области во 2016 успеал ем да ги зголеми приходите ем да ги намали расходите споредено со 2015 година. Компанијата со адвокати како Дејви Давидовски, Билјана Милошевска, Дарко Никодиновски и Леонид Трпеноски бележи и напредок во делот на чистата добивка од речиси 70.000 евра за 2016 што е за три пати повеќе во однос на 2015.

Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска бележи околу половина милион евра приходи во 2016 година што претставува за околу 5% помалку во однос на истиот период од годината претходно. Сепак, ниту Адвокатско друштво ДДК не може да се „пожали“ бидејќи имаат огромен скок на добивката која од само 1500 евра во 2015 година лани стигнала до профит од речиси 93.000 евра. Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска споредено со останатите конкуренти на оваа листа има помал тим на активни адвокати и соработници, но има голема амбиција да напредува во корпоративното и деловното право во Македонија. 

Како што може да заклучиме 2016 била доста успешна за адвокатските друштва фокусирани на бизнис клиенти, барем ако ги гледаме билансите на успех на овие четири фирми. Сите имаат зголемен износ на добивката, а што е за нив уште подобро е зголемувањето и на профитната маржа бидејќи успеале расходите да ги стабилизираат и да работат во „плус“.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот