18 Април, 2024
0.0249

Анализа: Нема оправдување за некористење на детски седишта во автомобил

Објавено во: Анализа 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Секој родител има обврска да преземе се што може за максимално да ја зголеми безбедноста на своете дете во автомобилот. Во Македонија употребата на детските седиште до одредена возраст е задолжителна, постојано се водат кампањи за зголемување на свеста, но примената секогаш може да биде и многу поголема. Затоа Фактор разговараше со претставници на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот кои дадоа нивни совети и препораки за употребата на детските седишта.

Фактор: Од последните законски измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во кој беше вметната и одредбата за задолжителна употреба детските седишта ќе поминат речиси две години. Какви се податоците на РСБСП во поглед на нивната употреба?

РСБСПУпотребата на детското седиште значително придонесува за поголема заштита на децата во сообраќајот. За жал не постои прецизна статистика колку  истите се користат меѓутоа  информациите од продажните салони покажуваат на зголемена продажба на детските седишта во изминатите две години. И покрај тоа,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата е на став дека употребата на детските седишта во автомобилите не е на потребното ниво.  Цел  на РСБСП е секое дете  на возраст до 5 години да патува во детско седиште и токму затоа континуирано ќе се реализираат превентивни активности со цел едукација на возачите за потребата и придобивките од употребата на детските седишта.

Фактор: Дали РСБСП планира да започне кампања или други превентивни мерки со цел да се зголеми употребата на детските седишта?

РСБСПСекоја година со почетокот на учебната година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализира активности со цел подигање на свеста за поголема безбедност на децата во сообраќајот. Значаен дел од активностите се во насока на поголема употреба на детското седиште како начин за заштита на децата во сообраќајот. Во таа насока изминатата година, РСБСП во соработка со АМСМ и други партнери организира едукативни предавања за родителите од детските градинки а исто така беа изработени и дистрибуирани едукативни материјали – флаери и боенки  на тема децата и детските седишта,  со  цел едукакација и поттикнување на децата за употреба на детските седишта. Во таа насока важно е да се истакне дека и оваа година со почетокот на учебната година ќе бидат реализирани активности за заштита на децата во сообраќајот. Крајот на месец август и почетокот на месец септември е период од годината  кога започнуваат подготовките на децата за училиште или градинка и токму во тој период РСБСП фокусот на своите активности го става кон децата и нивната безбедност во сообраќајот,  вклучително и активности за поттикнување на употребата на детските седишта.

Имајки го во предвид фактот дека во текот на летотото и за време на летните одмори се зголемува интензитетот на сообраќајот,  РСБСП подготвува  Летна кампања во кој во еден сегмент ќе бидат опфатени и активности  за поголема употреба на детските седишта. Согласно планот на активности во наредниот период на повеќе бензински станици во Република Македонија ќе бидат делени едукативни материјали за потсетување на родителите за законската обврска за употреба на детските седишта и за последиците и ризикот и опасностите од некористењето на детското седиште.

Фактор: Кои се препораките на РСБСП за употребата на детските седишта, но и воопшто за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот?

РСБСПКога е во прашање безбедноста на децата во сообраќајот, пораката од РСБСП гласи: „Безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните“. Децата се само деца и наша обврска и индивидуална и институционална е да ги едуцираме децата за правилата и прописите во сообраќајот,  но во никој случај не може одговорноста за безбедноста на  децата во сообраќајот да биде на товар на децата. Секој возач и родител е должен да покаже повисоко ниво на свест и одговорност за безбедноста на децата во сообраќајот.

Искуствата покажуваат дека македонските родители посветуваат големо внимание кон децата и настојуваат голем дел од семејниот буџет да го насочат за потребите на децата. Но онаа што загрижува е фактот дека родителите многу повеќе се трудат да им обезбедат на децата скапа облека, скапи играчки, забава и игра  и други добра од ненужна природа а помалку се посветува внимание на одредени практични потреби како што е обезбедувањето на детското седиште.  Токму затоа РСБСП апелира до родителите: Неупотребата на детското седиште нема оправдување. Тоа е законска обврска но пред се тоа е етичка, морална и родителска  обврска и одговорност. Сообраќајните незгоди се случуваат секогаш и  секаде и тоа кога најмалку очекувате. Обврска на возачите- родителите е да ги преземат  сите неопходни мерки за заштита на децата и елиминирање на потенцијалниот ризик и опасности. Статистиката покажува дека децата на возраст до 5 години најчесто страдат како патници и од тука произлегува  законската обврска и потребата од употребата на детските седишта која задолжително треба да ја почитува секој одговорен родител.

Исто така разговаравме и со претставници на продажен салон на детски седишта со цел да добиеме прецизни информации за правилен начин на најпрво одбирање на соодветно седиште и негово правилно инсталирање во возилото. Ирена Николоска ги даде следниве совети:

  • Правилно поставените седишта ја намалуваат смртноста кај децата.
  • Најважно е седиштето за во автомобил да одговара на возраста и тежината на детето.
  • Едни од брендовите со највисоки оценки на пазарот се Recaro и Cosatto. На избраното седиште мора да има портокалова лепенка со натпис ЕСЕ R 44/03, која гарантира дека седиштето е изработено во согласност со најновите безбедносни прописи.
  • Препорачливо е седиште за во автомобил да се користи до 12 годишна возраст.
  • Внимавајте седиштето да е добро поставено, да не е оштетето, и по можност да не биде претходно користено.

Зошто е потребно седиште за деца?

Одговорот на ова прашање е многу едноставен, децата се многу подобро заштитени и безбедни во специјализираните седишта. Тоа го потврдуваат и студиите за безбедност во сообраќајот и ригорозните тестови извршени во рамките на Европската унија кои покажуваат дека со правилната употреба на автомобилски седишта се намалува смртноста кај децата за 50 отсто при судири, а кај бебињата и до 70 проценти. Затоа сите митови кои постојат како на пример дека употребата на седиштето при мала брзина на возење или пак на кратка релации е непотребна паѓаат во вода.

Треба да се запомни дека во судир со брзина од само 25 километри на час – делува со сила околу 20 пати поголема од масата на објектот. Тоа значи дека дете чија телесна тежина, на пример изнесува 10 килограми - во такви околности, станува "тешко" 200 килограми, така што рацете на мајката и прегратката не се соодветна заштита. Покрај тоа, ако децата не постигнале доволна висина и тежина за да ги користат ремените за возрасните, и покрај тоа што ги врзуваат тие не им даваат заштита.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза