05 Декември, 2025
0.0348

Анализа: Пад на цената на златото

Објавено во: Анализа 24 Јуни, 2013 11:15

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за ЗЛАТО . Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти за племенит метал.

Фундаментална Анализа за ЗЛАТО:

По малото вракање на почетокот од азиското тргување цената на златото повторно почна да паѓа. Во текот на минатата недела цената на овој благороден метал падна 6,8%, со што оваа недела беше најлоша за злато од септември 2011 година. Изјава на претседателот на Федералните резерви во врска со можното намалување на програма на квантитативно олеснување во САД влијаеше на падот на цената на златото како што е познато на пазарот за неговата улога за заштита од инфлацијата. За време на азиското тргување цената паднаа за 1,06%.

Техничка Анализа за ЗЛАТО:

На едночасовниот графикон, на MACD е во фаза на прекумерна продажна позиција, а додека RSI не покажува јасен тренд. Цената осцилира на долната Bollinger линија, така да е можно и понатамошен пад на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција.

Наше видување: Продажна позиција со влез на 1284,80 , со прва цел на 1281,00 и втора цел на 1278,00.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 1285,80, тогаш е можен понатамошен раст до 1288,80.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени