05 Декември, 2025
0.0643

Анализа со Јонузи: Со гнев и омраза опозицијата не може да му парира на ДУИ

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2021 07:10

Добивај вести на Viber

Позеленувањето на ДУИ како надетничка партија со фокус на граѓански определби е јасен потег на Ахмети за обезбедување на долгогодишна иднина на интегративците. Целиот гнев насобран против ДУИ од 20 годишното владеење не може да биде простено, ниту пак да се овозможи амнестија за сите политички грешки и злоупотреби. Затоа Ахмети одигра многу мудро останувајќи единствен кредибилен партнер на меѓународниот фактор. Со новинарот Дестан Јонузи анализираме како изненадувањето на ДУИ ќе се рефлектира врз опозицијата вклучувајќи ги и македонските и албанските политички партии и дали ова "ребрендирање" ќе помине успешно.

Кој е мотивот за најновиот политички маненвар на Али Ахмети, дали партијата се исплаши дека по 20 години власт има неодржлив модел на владеење, па ова е обид за трансформација и факторизација на партијата како на краток рок пред изборите така и на долг рок во очите на странскиот фактор?

Аспирациите на кои е основана ДУИ во 2002 година за етничка еднаквост преку Охридскиот рамковен договор се во голема мера апсорбирани, па дури и во голем процент реализирани. Во меѓувреме, Охридскиот рамковен договор е истечен и повеќето од неговите постулати веќе се практикуваат. Се покажа дека ДУИ е партија на големи трансформации, политички, кадровски, како и она што е многу важно, партија што презеде на своите плеќи и државни одговорности, кои беа успешни или поточно завршија со позитивен епилог во корист на граѓаните на Македонија.

Со оглед на ова, ДУИ продолжи со својот тренд на иновации. По 20 години на власт, ДУИ со многу елеганција и мајсторија можеше да продолжи со истата политичка реторика и да создаде други теми од истиот политички дискурс, на пример, да биде избран претседателот на државата во парламентот. Не го стори тоа! ДУИ со својата идеолошка трансформација е три чекори пред сите други партии. Не постои десна или левичарска партија на Балканот што направила толку голема трансформација. Али Ахмети уште еднаш докажа дека е визионерски политичар кој ги гради политиките на својата партија како непосредна потреба на времето. Мислам дека намерата на Али Ахмети е да ја факторизира ДУИ на меѓународната сцена. Доколку ДУИ успее да се приклучи на групата европски зелени партии, што е следниот чекор на Ахмети, тогаш ќе разбереме дека овој проект е дизајниран за подолго политичко патување, а со тоа ДУИ ќе се факторизира уште повеќе и во надворешната и во внатрешната политика, смета Јонузи.

Меѓународниот фактор низ години вложува големи пари во областа на екологијата и зеленилото во Македонија, а имаме многу малку резултати. Мислам дека голема партија како ДУИ со оваа програмска ориентација ќе направи голем пресврт во политичката сцена на Македонија. Овој чекор ќе ги принуди и другите партии да ги заменат ветувањата и големите националистички политики, на меѓуетничка омраза, на историски теми во реалност, во секојдневниот живот на граѓаните, кои бараат подобар живот во населените места каде што живеат, дополнува Јонузи.

Дали ДУИ има воопшто образ да се промовира како зелена партија, а истовремено ги има сите министерства надлежни за животната средина, а на терен градоначалниците кои овозможија дивоградби во заштитени поддачја, огромна загаденост, несправување со отпад и уништување на животната средина?

Ако тргнеме од ова, тогаш ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година го водеше министерството за надворешни работи, а Македонија не стана земја членка на НАТО, истовремено го блокираше и процесот на евроинтеграција. ВМРО-ДПМНЕ исто така го водеше и министерството за транспорт и врски и видовме каква урбана глупост направи, ја бетонираше скоро половина од Македонија. Во однос на дивоградбите, мислам дека во некои општини тие биле намерно толерирани, но насекаде, во сите општини без исклучок, може да се најдат такви. Ова бара национална стратегија.

Можноста за трансформација не може да му се одземе на никого, па дури и на некоја партија. Придонесот за подобар живот на граѓаните, со поддршка на зелените политики, не е во сопственост на никого, така што секоја поддршка е повик за приклучување на оваа кауза за која смета дека е политичкиот пат на идната 20-годишна европска политика, само помага за полесен исчекор на двете патеки. Зелените политики наскоро ќе бидат дел од партиските и изборните програми на другите партии во Македонија, потенцира Јонузи.

Како сега ќе се справат албанските партии со ДУИ кои се длабоко навлезени во националистичка идеологија, ќе станат ли уште поголеми радикали и како албанското гласачко тело ќе реагира на ваквите промени?

ДУИ секогаш е чекор пред опозициските партии на Албанците. Наместо да понудат алтернативи на програмите и политиките на ДУИ, тие ги промовираат политиките на интегративците. Со својот сарказам на социјалните мрежи против новата политичка платформа на ДУИ, тие само го прават овој проект уште попопуларен. Она што опозициските партии на Албанците можеа да го сторат, е да понудат алтернативна платформа против оваа на ДУИ, на пример да им се спротивстават со економска програма што ќе биде прифатлива за гласачот.

Мислам дека граѓаните Албанци, како и Македонци и другите етнички групи во Македонија бараат повеќе урбан живот, повеќе зеленило, чиста вода и Македонија каде воздухот нема да биде загаден. Овие теми се многу важни за обичниот граѓанин, дури и поважни од тоа, колку пати не сме успеале да добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ. Мислам дека ДУИ веќе предизвика интерес кај голем број неопределени гласачи и дека со ооваа програма на октомвриските избори ќе биде пак најголемата политичка сила меѓу Албанците. Додека опозицијата, доколку не се спротивстави на овој проект со сериозен проект, амбициозен и од голем интерес за граѓаните и продолжи со истата реторика, за обвинувања за она што ДУИ го сторил, или што не го стори за Албанците, ќе ги загуби и овие избори. Граѓаните се уморни од реторика која има доза на омраза и гнев, тие бараат конкуренција на идеи и програми, заклучува Јонузи.

Х.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите