29 Септември, 2024
0.0264

АНАЛИЗА: Задолжувањата не се оправдани кога не носат економски раст

Објавено во: Анализа 31 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Досегашните владини политики, особено во изминатите четири години, влијаеа на интензитетот на задолжувањата, сметаат економистите, и потенцираат дека интензитетот на задолжувањето е повисок од интензитетот на економскиот раст. Но, велат дека проблемот не е во висината на долгот, туку во тоа за што се искористени парите од задолжувањата.
„Од поодамна домашната експертска јавност укажува дека не се важни математиките за висината на моменталниот јавен долг, туку важно е кои се бенефитите и кој е резултатот од задолжувањето. Така што, сметам дека ако задолжувањата се за капитални инвестиции кои ќе донесат развој, тогаш би рекол дека се уште не сме во опасна зона. Но, во спротивно, за вакви непродуктивни трошења можам да кажам дека ние од поодамна сме во опасна зона на задолженост“, смета академик Абдулменаф Беџети.
Беџети смета дека досегашните задолжувања меѓу кои и еврообврзницата од половина милијарда евра немаат економска оправданост бидејќи не резултираат со раст на економијата. При тоа се посочува дека власта не смее да ги игнорира укажувањата на ММФ.Во краток коментар за Фактор, без да навлегува во детали, Маријан Николов од Центарот за економски анализи нагласува дека „ММФ ги почитува стандардите за фискална транспарентност“. Во извешатајот на ММФ кој се однесува за Македонија, особено е потенцирано дека земјата мора да води сметка за нивото на буџетскиот дефицит. „На краток рок, фискалната политика треба да биде насочена кон исполнување на буџетскиот дефицит на 3,5 отсто од БДП“, стои во извештајот на ММФ, но се потенцира дека е важно на долг рок буџетскиот дефицит да остане на стабилен пат. Сепак и покрај тоа, владата веќе пред само неколку дена го продлабочи дефицитот на 3,9% од БДП. Според, ММФ јавниот долг до крајот на годинава ќе изнесува 44,8% од БДП, додека пак прогнзираат дека до крајот на 2019 година земјава ќе има јавен долг од 54,5% од БДП. Еве како изгледал јавниот долг како процент од БДП по години ·         2009 година           27.1  % ·         2010 година           28.0 % ·         2011 година           32.1% ·         2012 година           28.3 % ·         2013 година           42.1 % ·         2014 година           44.8% Според проекциите на ММФ јавниот долг на земјава во 2019 година ќе достигне 54,5% од БДП. ·         2015 година           48.3 % ·         2016 година           51.1 % ·         2017 година           54.3 % ·         2018 година           55.2 % ·         2019 година           54.5 % Во последните проекции на ММФ не е вклучено последното задолжување на владата со еврообврзница од половина милијарда евра. Ако се пресмета и тоа тогаш, јавниот долг е уште поголем. Дел од економистите веќе алармираа дека ваклвото задолжување владата го прави бидејќи нема доволно пари за да го покрие буџетскиот дефицитот за годинава.
Во однос на висината на еврообврзницата  500 милиони евра ќе претставуват нов долг од 6% од Бруто домашниот производ. Односно, 500 мил евра се 17% од сегашниот долг на централната влада (2,8 милијарди евра) и 15% од јавниот долг (околу 3,3 милијарди евра – објавен во претпристапната програма јануари 2014 година). Тоа значи дека, доколку се емитува обврзницата, а обврските по кредити доспеваат на почетокот од 2015, во еден момент пред крајот на 2014 ќе имаме долг на Централна влада од 3,3 милијарди евра односно 41% од БДП, и јавен долг од околу 50% од БДП“, изјави Кире Наумов пред неколку дена за Фактор.
Владата пак засега не излезе со официјален став за проекциите на ММФ.