19 Декември, 2025
0.0644

Андреја Јосифовски маркет мејкер на акцијата на Макпетрол!

Објавено во: Економија 08 Мај, 2016 08:49

Добивај вести на Viber

Од октомври лани до крајот на март годинава, Јосифовски купи 150 акции со право на глас за што по пазарните цени на таа акција плати барем 45.000 евра. Досега за седум месеци Јосифовски плати околу 145.000 евра за акции во „Макпетрол“ Андреја Јосифовски, претседател на Управниот одбор на најголемата македонска компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“ си купи 365 акции со право на глас во таа компанија за што по пазарни цени за акциите купени на берза плати околу 100.000 евра (според просечните месечни цени над 6,3 милиони денари). Податокот дека Јосифовски е нов сопственик на 365 акции во „Макпетрол“ го потврдува и објавата на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Акциите што ги купи Јосифовски се 75 отсто од целиот промет со акциите на „Макпетрол“ во периодот од 30 дена. Во овој период истргувани се вкупно 491 акција со право на глас во „Макпетрол“, покажува официјалната евиденција на акции на регистарот на Македонската берза за хартии од вредност. Всушност Јосифовски во овој период, е најголемиот маркет-мејкер на акцијата на „Макпетрол“ на нашиот пазар на капитал затоа што е убедливо најголемиот купувач на таа акција. Јосифовски долги години наназар е претседател на Управниот одбор на една од најголемите македонски компании според обемот на приходи. Во последниве седум месеци Јосифовски купи 515 акции со право на глас во таа компанија. Тоа претставува 0,46 отсто од сите акции со право на глас во таа компанија. Во „Макпетрол“ најголеми акционери се домашни физички лица кои поседуваат над 67 отсто од управувачките права, нивниот број според официјалната евиденција на Централниот депозитар за хартии од вредност изнесува 2.509 лица. Најголем и единствен поединечен акционер во „Макпетрол“ е компанијата специјализирана за транспорт на нафта и деривати ОИЛКО. Таа поседува над 22 отсто од сите акции во „Макпетрол“. Од друга страна пак „Макпетрол“ чие командитно друштво е ОИЛКО е најголем акционер во него и 35,6 отсто од акциите. „Макпетрол“ е најголем клиент на ОИЛКО, а втор по големина акционер на ОИЛКО е токму Андреја Јосифовски, претседателот на УО на „Макпетрол“ кој поседува 14,94 отсто од акциите во транспортната компанија ОИЛКО Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд