23 Јуни, 2024
0.1365

Анексија на Крим може да биде скапа за Русија

Објавено во: Анализа 08 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Русија се бори жестоко за анексија на Кримскиот полуостров . Но надвор од  територијалната придобивка и стратешките предности демне и едно значително финансиско оптоварување. Во последно време Киев требаше да трансферира секоја година околу 800 милиони евра во регионот , за да се справи локалната власт со пословичен буџетски дефицит и да има пари за пензии. Ако Москва успее да го анектира регионот , со овие трошоци наскоро ќе биде обременета Русија . При тоа, трошоците можат да бидат значително повисоки , ако Москва се обиде да ги подигне локалните нивоа на приход  до средното национално ниво , пишува во својата анализа Wall Street Journal. Иако Крим е омилено место за рекреација на  Русите, покраината не е во состојба да обезбедува сама балансиран буџет без значителна помош однадвор. За оваа година околу 57 проценти од буџетските средства на регионот треба да дојдат од Киев - околу 230 милиони евра. Но со најавениот на  16-и март референдум на кој жителите на Крим треба да одлучат дали да останат дел од Украина, или сакаат во иднина да членуваат во Русија, ќе треба да се предвиди и тоа од каде ќе доаѓаат парите потоа. Сеуште не е јасно како Русија планира да ги преземе овие трошоци, особено затоа што и таа самата треба да се справи во оваа година со буџетски дефицит од 6,5 милијарди евра. При годишна помош од 800 милиони евра за околу 2-та милиони жители на Крим полуостровот ќе биде еден од најскапите региони на Русија по буџетски трошоци по глава на жител. Тој ќе биде на едно ниво со најпроблематичните региони во северен Кавказ, за кои Кремљ троши огромни количини субвенции. Трошоците ќе бидат дури и повисоки, ако Москва сака да ги коригира нивоата на пензиите и платите до просечното ниво на Русија. Економските индикатори по глава на жител на Крим се приближно еднакви на две третини од оние на цела Украина, но се истовремено 80% под просекот на руско ниво. Просечниот приход на жител на Крим изнесува 2693 гривни месечно (околу 206 евра), околу два пати помалку отколку во соседната крајбрежна зона на областа Краснодар во Русија. Во прилог треба да се инвестира сериозно и во инфраструктурата во Крим, според пресметките на локалната влада на покраината - над 2 милијарди евра. Полуостровот исто така не располага со сопствен извор на вода и електрична енергија. Сепак како идеа за инфраструктурните проблеми овде е рускиот проект за мостот кој се планира веќе во текот на повеќе од една деценија, но кога односите меѓу Русија и Украина се уште беа добри, се појавија сомнежи за економската остварливост. Последните проценки предвидуваат дека цената на мостот ќе изнесува околу 360 милиони евра. Што се однесува до приходитепак , Крим може да понуди многу малку. Бруто домашниот производ е околу 1 милијарда долари - незначаен во споредба со над 2 трилиони долари. долари на цела Русија. К.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите