Анелија Митрова: Да се искористи и потенцијалот на младите за иновации и социјално претприемништво
Објавено во: Македонија, Интервјуа 27 Јануари, 2020 07:00
Социјалното претприемништво може да понуди
многу решенија за одржлив развој за отворање на нови можности за младите
генерации да ги реализираат своите бизнис идеи до дополнителна вредност во
општеството. Затоа овие заложби мора да се преточат и во формалното
образование, но и да се создаде пристап до финансии, како и и менторски
програми за младите да стекнат соодветни вештини. Со Анелија Митрова од
Младински сојуз разговараме за искористување на потенцијалот на младите во
Македонија, за подобрување на образованието и нивна вклученост во креирањето на
политики соодветни на целите на развој.
Фактор: Може ли социјалното претприемништво да се вметне во формалното образование и кои перспективи ги гледате вие од еден ваков потег?
Митрова: Решавањето на најгорливите социјални и еколошки предизвици со кои се соочуваме денес ќе бараат идни генерации на социјални иноватори и креатори на промени. А каде идните генерации да ги стекнат потребните вештини и знаење ако не преку формалното образование. Затоа сметам дека не само што може социјалното претприемништво да се вметне во формалното образование туку дека во следните 10 години ќе стане нужна потреба. Зошто имено и една од главните препораки од конференцијата “DIVE 3: Zero to One > 1 to N” која ние во Младински Сојуз ја организравме минатата година беше вментнувањето на социјалното претприемништво во формалното образование и реформи на наставните програми. Формалното образование е систем кој треба да цели кон оспособување на идните генерации од најмала возраст кон решавање на општествените проблеми и предизвици и токму социјалното претприменштво може да придонесе кон градење на капацитите нa младите да креираат инвовативни решенија.
Фактор: На кој начин треба да се поддржат идеите за социјално претприемништво и колку истите може да отворат нови можности за младите?
Митрова: Социјално претприемништво е се уште нов концепт и малкумина се охрабруваат да оснооваат социјално претприемништво, затоа системот на поддршка е многу важен. Социјалното претприемништво ги поттикнува младите да размислуваат „out of the box“ и наместо да чекаат некој да го препознае нивниот квалитет и да им даде работа, сами да го креираат своето работно место. Најдоброто нешто во врска со миленијалците е што тие не само што се поприлично претприемачки насочени, туку тие исто така се општествено одговорни, па затоа здрав екосистем им е потребен за реализација на своите идеии. Градењето на инклузивен екосистем за социјално претпимништво најмногу зависи од меѓусекторската соработка и поддршка, на младите и на потенцијалните социјалните претприемачи им треба пристап до учење и менторски програми за да можат лично да се развиваат и подобро да ги реализираараат своите идеи. Секако е потребна и системска поддршка, односно механизми и пристап до финасии достапен. Во последните години доста внимание и ресурси се посветени на социјалните инвестиции но, честопати фондовите се несоодветни или недостапни за основање на свое претпријатие.
Фактор: Вашата работа директно е поврзана со младите, а еден од главните проблеми е нивното иселување. Како младите да се задржат во државата, треба ли да се подобри сеопфатниот пристап во креирање на соодветни политики и создавање на услови за нивна вклученост во процесите?
Митрова: Како младите да се задржат во државата? Прашање кое секојденвно го слушаме, а и неретко сами на себе си го поставуваме. Младите не треба никаде да се задржат, треба да им се даде слобода и избор на одлучување, но мора да се креираат соодветни политики и услови за младите доколку сакаат да останат тука да имаат можности и иднина. Сметам дека политиките треба да почнат да се креираат на локално ниво, бидејќи младите имаат силна недовербаво носителите на одлуки и во институциите особено на локално ниво. Политиките за млади треба да бидат насочени кон градење на помалите средини атрактивни за живеење и тие мораат да бидат вклучени во процесите затоа што на нас младите ние преку глава од закони и политки кои не ги адресираат нашите потреби. Впрочем и една од главните заложби на Младински Сојуз во последниве година е да гради “Градови пријатели на младите“. Што тоа значи? Градови односно општини кои ќе креираат политика за конкретна финансиска поддршка на младите луѓе како и соработка со локалната младинска заедница. Политиките трба да поддржуваат социјални иновации, градот треба да инвестира во идеи за млади и да поддржува старт-апи од младите луѓе во било која тема со цел да се создадат нови можностие за младите. Неопхпдна е отворена дебата со локалната младинската заедница или уште подобро, отворен дијалог со локалната младина со цел да се создаде структура за соработка со локалната младина.
Фактор: Кои се вашите препораки за реформи во образованието, како до создавање пред се на позитивна образовна средина во која учениците ќе просперираат, но и ќе добијат современи компетенции кои одговараат на потребите на бизнис секторот и пазарот на труд?
Митрова: Образованието е главно заглавено во историјата, а не за тоа каде се младите денес и што им треба за во иднина. Старомодниот образовен систем и добропознатиот совет „заврши си факултет најди си работа во адмистрација е предизвик со кој што се сочуваат младите луѓе. Реформата во образованито треба да се фокусира кон стимулирање на критичко размислување, будење креативност и имагинацијата како и соработка и комуникација со професорите наместо учење на послушност и дисциплина. Образованието од 21 век е за оспособување на студентите со вештини што им се потребни за да успеат во дигитална ера и да бидат атрактивни на пазарот на труд и да им помогне да ја зголемат довербата за да ги практикуваат тие вештини. Со толку многу информации што им се достапни, вештините од 21 век се повеќе се фокусираат на смислување на тие информации, споделување и нивна употреба на паметни начини. Само и само го модернизираме образовнието ќе успееме да го синхронизираме со потребите на пазарот и идните работни места.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
„САМО 30 ОТСТО ПАРИЧНА КАЗНА ЗА СУДИЈАТА ПАЈАЗИТИ“: Мојсоска жустро по одлуката на Судскиот совет - 'иако утврди дека го овозможил бегството на Рамадани'

ПРИЈАТНИ ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ, НО И МОЖНОСТИ ЗА ДОЖД - еве какво време најавуваат синоптичарите за оваа скратена работна недела

ЈАКИМОСКИ СО НОВИ МЕРКИ ЌЕ ГИ „ЗАУЗДУВА“ ИНВЕСТИТОРИТЕ ВО КАРПОШ: Еве што ќе преземе

КУЌЕН ПРИТВОР, ПРИТВОР, МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Судот во Кочани добил барања за 18 лица

КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ЗА ВЕЛИГДЕН? Еве што вели Попоски

ПОЧИНА И ЈАГУАРОТ ИНЕС: Скопската зоолошка градина на Фејсбук ја објави тажната вест

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

КУЧИ СЕ ВРАЌА ДОМА, А ТОШКОВСКИ ГО ОЧЕКУВА: „Со првиот лет ќе бидам во Скопје“, рече Кучи

„ЛУЃЕТО ВО ГЕРМАНИЈА РАБОТЕА, ТУКА ЗЕМАА ПЛАТА“: Уставната судијка Павловска Данева за балансерот и неговото укинување
