Ангел Димитров: Прво ќе се види како оди субвенционирањето на платите, па потоа за минималецот
Објавено во: Економија 06 Септември, 2019 09:29
Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, која активно учествува во преговорите со Владата кога станува збор за мерките за платата на работниците, вели дека за зголемувањето на минималецот на околу 16.000 денари треба да се разговара дури откако ќе биде донесен законот за субвенционирање на платите и да се видат ефектите од спроведувањето.
Вели дека со субвенционирање на делот на придонесите, за зголемувањето на платите од 600 до 6.000 денари, со сигурност ќе се зголеми просечната плата во држвата и тоа во голема мера ќе значи легализација на износите што сега газдите им ги исплаќаат во плик на работниците.
-Што се однесува до минималната плата преговорите се уште траат. На последните преговори инсистиравме прво да се донесе законот за субвенционирање на платите да го видиме ефкетот од тоа па дури потоа да се размислува на зголемување на минималната плата. Сигурен сум дека мерката за субвенционирање на платите ќе придонесе за зголемување на просечната плата во државата од повеќе причини. Работодавачите кои даваат дел од платата во кеш за да избегнат придонеси ќе бидат дестимулирани тоа да го прават бидејќи ќе се плаќа само персонален данок и државата ќе ги плаќа придонесите, изјави Димитров.
Зголемувањето на платите и придонесите ќе напредува и ако се зајакнат контролите на Управата за јавни приходи, но и фактот дека компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила и тоа, како што вели, ќе ги натера да ја зголемат платата доколку сакаат да ги задржат работниците. Додава дека треба да се субвенционира пропорционално и зголемувањето на платата за повеќе од 6.000 денари.
-Тоа ги става сите во позиција на правичност, дали имате плата 20 илјади или 50 илјади денари вие можете да добиете субвенции само за шест илјади денари покачување. Потенцијално кај оние што земат 60.000 плата 6.000 денари се десет посто, а кај оние што земаат 30.000 е двојно повеќе, така што мислам дека тоа не е неопходно, смета претставникот на здружените работодавачи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





