29 Септември, 2024
0.0312

Ангел Наков: Да затвораш мали бизниси кога сите ги укинуваат сертификатите ги надминува сите граници

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Ангел Наков, предводникот на успешниот референдум во Гевгелија во 2017 за неотворање на рудници за злато на Кожуф, реагира дека полицијата и останатите надлежни органи да не затвораат повеќе мали угостителски објекти и други и други семејни бизниси поради ковид-сертификати. Повикува на граѓанска непослушност против, како што вели, бирократите од Скопје.

Според поранешниот прв човек на ски-центарот Кожуф, нема логика да се уништува нечија егзистенција во време кога повеќе европски земји ги укинуваат сертификатите. Ваквата реакција на Наков следува откако денеска беше објавено дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и инспектори од СВР Скопје, заедно со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и село Мрзенци.

Два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати, односно непочитување на ковид протоколите.

„Ова ги надминува сите граници. Да затвараш мали бизниси во време кога народот едвај сврзува крај со крај, е равно на злосторство против својот народ. Дали тој што издал таква наредба е нормален човек? Како ја одбраа Гевгелија?

Не знам кој се затворените и казнети угостителски објекти, но цела Гевгелија треба да застане против оваа сегрегација. Во време кога цел свет ги укинува мерките против „короната“, некои имбицили кои зимаат плата од нас, си играат со егзистенцијата на граѓаните.

Да се организираме и изразиме солидарност со нашите сограѓани и граѓанска непослушност против бирократите во Скопје“, повика Наков.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“