19 Декември, 2025
0.0635

Ангеловска има две „џебни“ канцеларии и 300.000 евра во банки

Објавено во: Економија 30 Септември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Државната комисија за спречување на корупција го објави Анкетниот лист на Нина  Ангеловска, според кој, првата жена министер за финансии на Македонија има лични депозити во вредност од 300.000 евра. 

Ангеловска која во министерското столче дојде од приватниот сектор, во „Еуростандард“ има 200.000 евра денарски депозит од 2014 и 51,2 илјади евра девизен депозит во истата банка од 2017. Во УНИ банка има девизен депозит од 33,73 илјади евра од 2015. Има и други помали девизни и денарски сметки. 

Ко-основачката на Grouper.mk од недвижнини пријавила деловен простор од само 16 метри квадратни, односно еден од 5 и другиот од 11. Двата заедно вредат 4 милиони денари. Триесетгодишната министерка пријавила акции од безмалку 1,6 милиони денари стекнати во 2012. Има еднотретински удел од 200.000 денари од 2011 и затворен удел во 2017 од безмалку 4 милиони денари.

Во 2019/2020 очекува приходи од дивиденда, камати и продажба на удели. Ангеловска единствено го има пријавено својот личен имот, а на листата не е објавен оној на нејзините блиски. Таа беше избрана за министерка за финансии на крајот од август, но до сега се уште не беше објавена нејзината имотна состојба.

Владата за сега не ги ажурира Анкетните листови на новоназначените функционери, а кај нето-платите се уште стои таа на претходникот на Ангеловска, Драган Тевдовски, од 70 илјади денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар