Анѓушев: Чагатај Кабло е добар пример за домашни и странски компании што сакаат да инвестираат во зоните
Објавено во: Економија 27 Септември, 2017
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, д-р Кочо Анѓушев присуствуваше и се обрати на свеченоста за поставување на камен темелник на инвестицијата на турската компанија Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје.
Анѓушев посочи дека компанијата Чагатај Кабло договорот за изградба на објектот го склучила во 2016 година, но не добиле субвенции од Владата бидејќи не успеале да го склучат договорот за поддршка со претходната влада.
„Владата не ги дели компаниите на домашни и на странски, тие сите за нас се македонски. Чагатај Кабло е добар пример за останатите домашни и странски компании што сакаат да инвестираат во зоните и да видат дека Владата ќе ги поддржи повеќе отколку што беа претходно поддржани, а ефектите за растот на економијата на Република Македонија ќе бидат значително поголеми“- вели Анѓушев.
Со направените симулација, согласно новите предложени мерки од „Планот за економски раст“, Чагатај Кабло би можел да добие и повисоки средства, отколку што било предвидено со договорот со претходната власт. Доколку ги исполни основните критериуми, односно прикаже раст на приходите и ненамалување на бројот на вработени во три последователни години, Чагатај Кабло би можел да смета на поврат од 10% од инвестицијата, а дополнителни субвенции би добиле доколку би исплаќале повисоки плати за работниците, како што е предвидено со мерките од „Планот за економски раст“. Покрај тоа, со новите мерки субвенции би можела да добие и компанијата Ван Хол, бидејќи ќе користи производи, односно кабли, од Чагатај Кабло која, како што кажа Анѓушев, ќе се смета како македонска компанија.
Денес се постави камен темелник на објектот кој ќе се
простира на 7.000 метри квадратни, инвестиција од 4 милиони евра на компанијата
Чагатај Кабло, во кој според зборовите на сопственикот Амет Короглу ќе се
вработат до 100 лица. Компанијата очекува да започне со производство веќе во
март 2018 година, во наредните години инвестицијата би достигнала вкупно 6
милиони евра, а бројот на вработени до 300 лица. Оваа компанија 20 години
произведува и има 35-годишно искуство во производство на кабли за
автомобилската индустрија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.