НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2024
Еврото e на најниско ниво во однос на доларот во последните две години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица се зголеми за 0,8 отсто, на 107,49 поени, и тоа е највисоко ниво за повеќе од една година.
Курсот на еврото во однос на доларот се намали за 1,1 отсто, на 1,0420 долари, а во еден момент се спушти на 1,0333 долари, најниско ниво во последните две години.
Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 0,3 отсто и нејзиниот курс достигна 154,75 јени.
Зајакнувањето на доларот трета седмица по ред се должи, меѓу другото, и на пригушените очекувања дека американската централна банка ќе продолжи со агресивно намалување на каматните стапки.
foto freepik.com/photo8
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.