17 Мај, 2024
0.0341

Анѓушев вели дека американски компании сакаат да инвестираат во Македонија

Објавено во: Економија 28 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Постои интерес за големи инвестиции, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

Тој и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски, се во работна посета во Њујорк, каде остварија директни средби со менаџментите на неколку американски компании.

Анѓушев вели дека е задоволен од исходот на средбите и додаде дека сите компании со кои се сретнале имаат покажано интерес за инвестирање во Северна Македонија, а дел од нив се и блиску до носење на одлука за реализација на инвестицијата.

„Нивните имиња ќе ги објавиме кога тие самите ќе одлучат за тоа. Ме радува што тоа се компании од високо технолошкиот развиен свет, односно компании кои нема да вработуваат 3000 или 5000 лица, планирано е да вработуваат помал број на луѓе, од 300-500, но тоа ќе бидат работни места токму онакви какви што сакаме да има во нашата држава, за млади интелектуалци и за високо стручните кадри, за ги задржиме младите во Република Северна Македонија. Станува збор за потенцијални инвестиции до стотина милиони евра и над тоа некои од нив. Дефинитивно Северна Македонија станува земја којашто е интересна за компаниите од САД. Ценам дека голем придонес во таа работа има и зачленувањето во НАТО и нашите евроатлантски интегративни процеси кои сериозно ги раздвиживме“, потенцира Анѓушев.

Анѓушев кажа дека во изминатите 2 години во ТИР зоните и надвор од нив, започнаа со реализација 30-ина инвестициски проекти на странски компании, домашните компании исто така реализираа нови инвестиции и се развиваат и сето тоа се рефлектира преку позитивни економски статистички показатели,

Директорот Младеновски очекува за дел од проектите за кои се разговарало во Њујорк, да се донесат одлуки во многу брз временски период, а се надева дека компаниите ќе одлучат да инвестираат токму во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар