26 Јуни, 2024
0.1226

Ангов: Испратив негативно мислење до Министерството за економија за рудник за злато и бакар

Објавено во: Македонија 09 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ја демантира фејсбук групата Спас за Гевгелија дека Дојранското Езеро е пред пропаст и соопшти дека испратил негативно мислење до Министерството за економија за постапка за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на злато, сребро, бакар, олово и цинк кај локалитетот „Башибос-Бајрамбос“ на компанијата Сурскор Дооел Скопје.

„НАЈОДГОВОРНО ТВРДАМ дека ниту сум дал позитивно мислење за доделување на концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос – Бајрамбос во Општина Дојран, ниту пак имам намера да одам против волјата на граѓаните, односно против нивната одлука донесена на референдум на која јасно е ставено до знаење дека жителите од Дојран се ПРОТИВ отварање на рудници на оваа територија.

Во Општина Дојран НИТУ ИМАЛО, НИТУ ПАК ЌЕ ИМА рудници кои негативно ќе влијаат на добросостојбата на езерото и неговиот биодиверзитет. СЕКОГАШ СУМ БИЛ И ЌЕ БИДАМ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ! РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА!“, напиша Ангов на Фејсбук.

Според градоначалникот на Дојран, станува збор за писание во кое се изнесуваат апсолутни невистини и бесрамно се доведува јавноста во заблуда.

„Во прилог на овој демант е доставеното НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ од страна на Општина Дојран до Министерството за економија – Сектор за минерални суровини, кое датира од 16.12.2022 година. Во истото пишува дека Општина Дојран дава НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ по однос на предлог – одлуката за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – бакар, злато, сребро, олово и цинк на локалитетот "Башибос - Бајрамбос".
Во прилог градоначалникот го објави и негативното мислење упатено до министерството уште во ноември 2022.

Од граѓанското здружение - иницијатива „Спас за Гевгелија“ со пост на својот Фејсбук профил денеска алармираат дека му се заканува опасност на Дојранското езеро.  Тие објавија дека е доделена концесија за истражување на злато и бакар во близина на Дојран, што, според нив, ќе предизвика уништување на Дојранското езеро, но и иселување на илјадници жители од околината. 

- Владата на Македонија на својата 132 седница одржана на 28.02.2023 година донела одлука за доделување на Концесија за детални геолошки истражувања за злато и бакар на локалитетот Башибос-Бајрамбос во општина Дојран, на компанијата СУРСКОР дооел Скопје. Оснивач на оваа компанија е компанијата ПРГ од Малта, која покрај Македонија има регистрирано уште една компанија која има намера да се бави со рударство во Руанда, Африка.

Локалитетот Башибос-Бајрамбос е одалечен само 3700 метри од Дојранско езеро. Отварање на рудник за бакар и злато на овој локалитет значи комплетно уништување на Дојранското езеро, иселување на илјадници жители од општина Дојран, уништување на викенд куќи на најмалку 10.000 граѓани, односно претварње во пустина на едно од најголемите природни богатства на Македонија - се наведува во нивната објава.


Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра