АНКЕТА: За колкава плата Македонците би останале во државата
Објавено во: Економија 28 Март, 2016 19:27
Македонците се повеќе размислуваат да ја напуштат земјава и да заминат да работат во странство, а скоро половина од нив се спремни да извадат бугарски пасош за да го постигнат тоа, покажуваат резултатите од анкетата која во минатата недела ја спроведе www.fakulteti.mk.
Оние кои сакаат да останат во Македонија пак, одговориле дека не би мигрирале во странство само доколку нивната професија е достојно платена.
Резултатите од анкетата покажале дека со месечни плати од 90.000 до 120.000 денари Република Македонија ќе го реши проблемот и со иселување на млaдите и со одлевањето на мозоци од земјава.
На прашањето „Дали вашата професија е достојно платена во Република Македонија?“ одговориле вкупно 3.276 читатели. Од нив, 86 отсто (2.816) сметаат дека не се достојно платени, додека само 460 испитаници (14 отсто) се задоволни од своите месечни примања.
На прашањето дали би извадиле бугарски пасош за да можат да ја работат својата професија во странство, 61,2 остсто се изјасниле дека би извадиле, 32,2 отсто, односно 1.055 не би извадиле, додека 217 (6,6 отсто) веќе имаат извадено бугарски пасош за да можат да работат во странство.
Во анкетата учествуваа вкупно 3.335 испитаници.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




