18 Мај, 2024
0.0254

“Анти-Facebook” социјална мрежа која привлекува илјадници корисници

Објавено во: Стил 08 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Социјалната мрежа Ello добива 31 000 пријави во час од луѓе кои сакаат да се приклучат на платформата, тврди нејзиниот основач. Таа е направена со идејата да се користи од страна на околу 90 пријатели на Пол Будниц кој е нејзин творец. На 7-и август тој одлучи да ја отвори за целиот свет. Платоформата е нарекувана "анти-Facebook", бидејќи ветува дека нема да пушта никакви реклами нема да продава кориснички податоци. Сепак, некои експерти предупредуваат дека таа може да се соочи со проблеми со остварување на своите планови за прифаќање на одредени "функции". Сајтот има минималистички дизајн и не изгледа лесен за употреба на прв поглед, како и повеќето веќе воспоставени социјални мрежи. Во текот на викендот Ello преживеа DDoS напад - фокусиран поток од интернет сообраќај, кој за кратко го блокира сајтот. -Учиме се во движење, но имаме многу силен технолошки тим ", тврди Будниц. "Тоа е бета верзија и има проблеми, прави чудни работи, но ќе смислиме нешто е можно побрзо". Будниц тврди дека е "почестен" од описот на социјалната мрежа како "анти-Facebook", но тврди дека тоа не е начинот на кој тој гледа на услугата. "Ние не го сметаме Facebook за конкурент. Го гледаме како рекламна платформа, додека ние сме мрежа", коментира основачот на Ello. Според него таа ќе има можност да заработува преку продажба на пристап до различни функции. Шопингот ќе се случува на истиот принцип, како и преку мобилни апликации. Ello веќе привлекува илјадници нови корисници. "Традиционалниот модел на бесплатна социјална мрежа историски покажува дека е клуч за успех", тврди Џејмс Маккуиви, аналитичар на компанијата за истражување Forrester. "При сите други социјални мрежи, од WhatsApp до Instagram и Pinterest - причината е дека тие работат, бидејќи се бесплатни. Не кани пријател да се регистрира, ако тоа треба да го чини пари ". К.К.