АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ЌЕ БАРААТ НЕЈАСНОТИИ ВО ЗАКОНИТЕ: ќе анализираат дали некои одредби создаваат услови за фаворизирање
Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 12:27
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) почна проверка на Законот за угостителска дејност, на Законот за заштита и спасување, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за локалната самоуправа, како и на други материјални закони, со цел, како што велат, да се овозможи откривање и спречување на потенцијални ризици од корупција при спроведување на соодветните постапки поврзани со издавање на одобренија и лиценци за работа, дозволи за работа на угостителски објекти, како и во делот на вршење надзор над истите.
Како што соопштија денеска од ДКСК, антикорупциската проверка на законите како процес подразбира целосна и систематска проценка на правните прописи за да се идентификуваат можности за злоупотреба, конфликт на интереси, нејаснотии и празнини во законите кои би можеле да поттикнат коруптивни практики.
- Воедно ќе се направи комплетна анализа и проценка на формата и содржината на прописите (закони, подзаконски акти и други општи акти) кои се во подготовка или кои се веќе изготвени од аспект на нивното практично спроведување, усогласеност и нивното подобрување со цел детектирање, спречување и минимизирање на ризиците во однос на можноста за корупција и судири на интереси кои може да резултираат при спроведување на законите - укажуваат од ДКСК.
Од комисијата велат дека ќе вклучат повеќе засегнати страни преку соработка со релевантни институции и граѓанското општество, што ќе обезбеди независност и објективност при анализата.
- Како основни резултати од антикорупциската проверка очекуваме зајакнување на превентивниот пристап и наместо да се реагира на коруптивните практики пост-фактум, да имаме проактивност со што ќе се овозможи законите да бидат ослободени од коруптивни ризици. Преку постапката ќе се направи и проценка на ризиците и ќе се анализираат специфични одредби кои може да создадат услови за фаворизирање, дискреционо одлучување или недостаток на транспарентност - се наведува во соопштението.
Сите резултати, како што истакнуваат од ДКСК, ќе бидат јавно достапни и целиот процес ќе биде транспарентен и јавен, а извештатите и препораките ќе бидат доставени до Владата и до Собранието, за да се подобрат овие закони, и со тоа да се влијае и да не се остава простор за коруптивни активности.
- Укажуваме дека ДКСК како одговорна институција за антикорупциската проверка на легислативата, главно за законите во фаза на изготвување, мора да биде во постојан контакт со надлежните министерства кои доставуваат предлози за усвојување на закони и изготвуваат нацрт закони и законодавни предлози за кои овластен предлагач е Владата на Република Северна Македонија, како и да биде навремено информирана во случај на можни иницијативи за изготвување на нова законска регулатива или за измени на постојните закони од друг овластен предлагач на закони - се наведува во соопштенито од ДКСК.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици
