Антикорупциска комисија ги објави имињата на вработените роднини на Стојчевска, Асани, Џафери, Мисовски....
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019 12:45
Антикорупциска комисија ги објави имињата на 18 роднини на јавни функционери за кој се поведува постапка за тоа како се вработени, беше објавено на втората седница од вториот состав. пренесува Слободен Печат.
За пратеничката Мира Стојчевска се разгледуваат три случаи - за тоа како е унапреденсопругот Илјо Стојчевски во Шумската полиција во Делчево, за нејзиниот син Виктор Стојчевски кој беше вработен во државната ЕЛЕМ и за нејзиниот брат Цветан Велевски вработен во РЕК Битола.
Објавено е и имието на Бесија Џафери во ЕЛЕМ, ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери. Објавен е и Кристијан Миосвски, син на пратеникот Горан Мисовски, а нововработен во Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Ја има и Хидаете Алили, сестрата на министерот за култура Асаф Адеми која доби работно место во АД ЕЛЕМ.
Спомената е и Влора Бектеши, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши, примена на работа во МЕПСО. Ја има и Фанија Костадинова, мајката на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, вработена во Централниот регистар. Марија Јосифовска, сестра на оратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, е евидентирана како вработена во уметничкото друштво „Мирка Гинова“.
Стојне Ѓорѓиев се вработил во МВР како син на пратеничката Милева Ѓорѓиева, а таму свое место си нашла и Мерсиха Рамчиловиќ, сопругата на Зекир Рамчиловиќ, Кога станува збор за независната пратеничка група, тука е и Сара Александрова, ќерка на пратеничката Емилија Александрова, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој.пратеникот од независната група на ВМРО-ДПМНЕ. Државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска, е сопруга на Љубислав Несторовски, кој добил место во АД ЕЛЕМ.
Ореостанати имиња на листата се Надица Делкова – сопруга на градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, вработена во ОУ „Гоце Делчев“ – Долно Дисан, Лила Пежевска – сопруга на градоначалникот на Општина Берово Звонко Пежевски, вработена во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ и Цвете Станојкоска – внука на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јовановски, вработена во Општина Прилеп.
Од Антикорупциска велат дека имињата на списокот не се селектирани, туку сите овие имиња на списокот ги ставиле по допрен глас, односно од информации што ги добиле од медиумите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





