Антикорупциска: Не може уставните судии сами да си ги зголемуваат платите
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2020
Ќе го разгледува случајот и ќе утврдува дали може уставните судии со измена на деловник на рабта да си доделат надоместоци на плата. Државната комисија за спречување на корупцијата се вклучува во случајот - на 22 октомври годинава Уставниот суд одлучил на судиите да им се исплатува за 35 отсто повисоки додатоци на плата. Претседателката Билјана Ивановска вели дека тоа на таков начин не е можно.
„Факт е дека треба закон за работење на уставниот суд. Исто така и разбирам дека тие работат по деловник стар од 91. година. Неодамна уставниот суд го променил Деловникот и земал одредба од законите кои ги третираат тие права, но не може ништо да се уредува со Деловник, ако истото тоа треба да се уреди со закон“, истакна Ивановска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.