Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2024
Адвокатската комора го осуди насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар. Како што соопштија од комората, пожарот брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, но била предизвикана значителна материјална штета. Од таму ги повикуваат надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад.
„Најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви. Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија. Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности“, се нагласува во официјалното соопштение.
Инаку Адвокатската Комора се пресели во новата зграда во Порта Аеродром каде ноќеска се случил пожарот. Во тек е увид за да се утврдат причините за пожарот. Има информации за штета која допрва ќе се утврдува.
Претседател на Комората е Љубомир Михајловски-Џанго кој беше и поранешен министер за внатрешни работи до 2006-та година. Во запалениот простор се наоѓала и канцеларијата на Михајловски.
– Денеска (25.11.2024) во 03.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил опожарен стан – деловен простор на Адвокатската комора на РСМ. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, потврдија и од полицијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.