Добивај вести на Viber
По бурната недела во која се „трчаше“ по потписи за учество на претседателските избори, и истовремено се појавија повеќе внатрешни „незадоволни“ членови, па се крена голма бура во медиумите, денска претседателот на „Левица“ се огласи со посебен статус.
Тој им се заблагодари на сите кои ја поддржаа кандидатурата на професорката Билјана Ванковска.
- НАРОДЕ, фала ви на сите што успеавме да собереме 10.000+ потписи!
Покажавме дека зрееме и растеме и имаме дисциплинирана структрура која почнува да боде очи на нашите политички непријатели, кои до вчера не' потценуваа.
Огромно ФАЛА до нашите активисти од локалните ограноци и волонтери на штандовите низ цела Македонија. Без вашето оставање срце на терен, ништо од ова немаше да биде можно.
Благодарност и до Професорката која си го жртвуваше раатот и влезе искрено во Борбата за нашата заедничка кауза.
p.s. Собирањето потписи се' уште трае (до 8 март 2024). Сите кои сакате да оставите политичка трага на едно големо народно будење, можете релаксирано да се потпишете до крајниот рок. Канцелариите на ДИК работат и за викенди, до 20:00 часот.
Да здивнеме, и одиме во вистинската битка која ни претстои! - напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.
Фото: Принтскрин/Фејсбук