Апасиев: Секогаш кога функционери на ДУИ се фатени во милионски криминал, се закануваат со војна
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2023
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев на социјалните мрежи пишува дека секогаш кога функционери на ДУИ се фатени во милионски криминал, се закануваат со војна кон Македонците.
„Сета среќа што на Македонците им е пукнат филмот, па веќе не се плашат од ништо“, пишува тој.
Во друг пост тој иронично пишува дека ако синот на собранискиот спикер Талат Џафери станал обвинител, тогаш можеме да влеземе во ЕУ.