АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2024
Најмалку 21 лице загина во катастрофалните поплави што ја погодија Босна и Херцеговина. Само на
подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ
загинаа 17 лица. Се стравува дека бројот на жртвите може да биде значително
поголем, бидејќи стотици луѓе се сметаат за исчезнати.
Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.
„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица. Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави. Според пишувањата на медиумите, во населбата Доња Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.
Поплавени се и подрачјата Кисељак, Крешево, Вареш...
Деканот на сараевскиот ПМФ ја открива причината за природната катастрофа
Професорот и декан на Природно-математичкиот факултет во Сараево, Нусрет Дрешковиќ, за Klix.ba зборуваше за причините за катастрофалните поплави во БиХ, нагласувајќи дека последиците се комбинација на природни и човечки фактори. Климатските промени директно влијаат на Босна и Херцеговина, што е потврдено во националните извештаи, а временските услови стануваат поекстремни, тврди тој.
Дрешковиќ предупредува на зголемена нестабилност во режимот на врнежи, со очекување на уште понегативни промени во текот на ноември и декември. Тој посочува дека зголемувањето на зимските температури предизвикува брзо топење на врнежите, создавајќи поројни поплави поради комбинација на топење на снег и циклонски врнежи.
Тој го критикуваше недостатокот на урбанистичко планирање што може да ги ублажи последиците од природните катастрофи. Смета дека политичарите ги игнорираат климатските промени и не се консултираат со научниците за мерките за намалување на ризикот од природни катастрофи.
Тој особено ја нагласува важноста на шумите во регулирањето на поројните текови и ублажувањето на последиците од сушите и апелира да се управува со шумите со фокус на нивната еколошка функција, а не само на дрвната маса.
фото: EPA-EFE/NIDAL SALJIC* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.